Насловна / Вести / Дрво или градска фарма?

Дрво или градска фарма?

Framlab, студио за иновации со седиште во Берген и Њујорк, го создаде „Glasir“, систем на вертикалан урбана фарма. Предложената модуларна конструкција се потпира на аеропоничкиот систем за снабдување на заедницата со локално производство.

drvo

 

Компанијата е основана од архитектот Андреас Тјелдфлаат, кој вели дека целта му е со неговиот дизајн да ја подобри социјалната и еколошката одржливост и еластичност. Тој наведува дека целите можат да се постигнат со комбинирање на флексибилноста на модуларните структури со ефикасноста на аеропонскиот систем. Проектот нуди саморегулирачки, вертикални земјоделски структури кои можат да им обезбедат на населбите прифатливо, локално производство во текот на целата година. Земјоделството бара значителни области на земјиште и придонесува за уништување на шумите и губење на биолошката разновидност. Како резултат на тоа, бидејќи светската популација се очекува да достигне нови врвови, земјоделството, како што знаеме денес, скоро ќе мора да ги удвои приносите за да и служи на оваа популација.

drvo1

Фрамлаб, водејќи се од ова размислување, разви „Glasir“ – прекрасно дрво опишано во норвешката митологија како најубаво меѓу боговите и луѓето. Врз основа на генетскиот дизајн на дрвото, компанијата создаде адаптивен модел кој карактеризира моноподичен ритмички раст на дрвото, со гранки кои личат на вистинско дрво.

„Glasir“ се состои од десет модули: пет модули за раст, три модули за производство и два модули за пристап. Преку стандардизирани интерфејси, сите модули можат да се поврзат едни со други, овозможувајќи му на системот да има бесконечен број конфигурации, високи приноси, потоа да обезбеди локално производство на зеленило и зеленчук, а истовремено да влијае на уличниот пејзаж.

drvo2

Изградба од 2×2 што може да се инсталира насекаде во градот и се потпира на аеропонски систем во одгледувањето на растенијата во урбано магливо опкружување. Водоотпорен и многу флексибилен, системот им овозможува на корените на растенијата да апсорбираат многу повеќе минерали и витамини. Вештачката интелигенција и низата сензори му помагаат на дрвото да го оптимизира неговиот раст.

„Glasir“ нуди прифатливо локално производство во населби каде неизвесноста за храна е голема. Со нивното присуство на улица, овие структури како дрво играат важна улога затоа што, со тоа што се видливи создаваат свесност за важноста на зеленилото и зеленчукот.

drvo3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top