Насловна / Архитектура / Драгиша Брашован: Архитект на модерната во Нови Сад

Драгиша Брашован: Архитект на модерната во Нови Сад

Архитектот Драгиша Брашован, (1887-1965) е великан на српската градителска уметност на 20 век,  автор е на бројни значајни проекти, од кои Комплексот Бановина е една од најубавите градби на архитектурата од дваесеттиот век во Србија.

2

Тој е најголемото име во српската меѓувоена архитектура. Роден е во Вршац. Студирал архитектура на Техничкиот факултет во Будимпешта, каде по дипломирањето во 1912 година ја започнува својата проектантска пракса. Потоа кратко време работел во Сараево, а по завршувањето на Првата светска војна основал сопствено биро Aрхитект заедно со архитектот Милан Секулиќ во Белград.

04

За време на меѓувоениот период изградил голем број приватни вили (куќите на Шкарк, 1926-27; Генчиќ, 1927-29; сопствената куќа, 1930; Лазиќ, 1932 итн.), повеќекатни станбени згради (Зграда на фабрика за цемент, Беочин, 1934) и административни згради (Стопанска комора, 1934; Команда на военото воздухопловство, Земун, 1935). Брашован е автор на југословенските павилјони во Барселона во 1929 година и Милано во 1931 година. Во Војводина делата на Брашован се: Соколскиот дом во Зрењанин од 1924 година и црквата во Орловат од 1927 година.

03

По Втората светска војна, Брашован проектирал голем број станбени згради и населби во Подгорица, Јагодина, Шабац, Зворник и Аранѓеловац, хотели во Тузла, Белград („Метропол“) и Сопоќани, како и цела низа железнички станици и помали станици на подрачјето на западна Србија. Бил избран за почесен член на Кралскиот институт на британски архитекти во 1953 година, а за дописен член на САНУ во 1961 година.

Комплексот Бановина

1

Едно од најголемите дела на архитектот Брашован е Комплексот Бановина во Нови Сад (седиште на Покраинската влада и Собрание на Војводина). Комплексот е врвно дело на Брашован создадено во стилот на модерната, со директно применети традиционални архитектонски детали.

Импозантното јавно здание, чија единствена композиција се состои од две посебни згради, изградени помеѓу 1935 и 1940 година на празен простор од 28.000 метри квадратни на „Мал Лиман“, некогашниот булевар Крлица Марија, денес Булевар Михајло Пупин 16,  осветено е на 25 септември 1939 година.

Novi_Sad,_Mihajla_Pupina,_budova_vlády_Vojvodiny_večer

Зградата Бановина била една од најголемите градби во земјата. На макетата што често е репродуцирана во дневниот печат, првично била замислен во клинкер тула. Изведената верзија на зградата е обложена со мермер од Брач, додека скалите и централната сала се обложени со камен од Карара.

07

Објектот во кој е сместена Банската управата е од административен карактер со основа во форма на потковица, долга 185 метри и широка 42,5 метри. Изграден е како издолжен, хоризонтално поставен корпус висок околу 20 метри, со вкупно пет нивоа со акцент на 42 метри висока вертикална кула со квадратен пресек на североисточниот агол. Во зградата има 569 одделенија, претежно канцелариски простори, распоредени континуирано по надворешните фасади, достапни со широки ходници и прозорци ориентирани кон четирите внатрешни дворови.

02

Бански двор

Над основа во форма на крст (57,5 – 100 метри) Бански двор е изградена како резиденција на банот, со сала и 147 простории. Објектот има сутерен, партер, кат и поткровје. Оваа градба е конципирана како компактен, комплексен објект во кој е нагласена централната позиција на салата, односно салата за собраниски седници. Влезниот хол е свечен и проектиран со посебно внимание.

Во зградата на комплексот има 260 подвижни културни добра, уметнички дела од 20 век. Во 2007 година комплексот е прогласен за споменик на културата.

00

09

000 3 (1)

05

Испрати коментар

Scroll To Top