Насловна / Архитектура / „Дом на секој чекор”- Павилјонот на Македонија на Експо Дубаи 2020

„Дом на секој чекор”- Павилјонот на Македонија на Експо Дубаи 2020

Павилјонот на Република Северна Македонија на Експо Дубаи 2020 – „Поврзувањето на умови, создавање на иднината“ од 1 октомври до денес го посетиле преку 50.000 посетители.

1_resize

На најголемиот светскиот настан за оваа година земјата се претставува со слоганот „Дом на секој чекор” и под мотото „Нови можности”, а посетителите имаат уникатна можност директно да се запознаат со културата и традицијата на нашата држава, како и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Изложени се теракоти, артефакти, традиционални носии, промотивни материјали и видео презентации на Северна Македонија.

244559719_201183058786691_1190543956428460445_n_resize

Посебен фокус е ставен на можностите за економска и трговска соработка, како и инвестицискиот и бизнис потенцијал на земјата, поради што поставени се и дополнителни информативни панели  за слободните економски зони, иновациите, земјоделството, енергетиката и туризмот.

246543382_209931831245147_5427827577163469679_n_resize

Генералниот комесар на нашата земја за Дубаи Експо 2020 Бекри Ајдини во изјава за МИА вели: „Праќаме порака до сите посетители да се чувствуваат како дома. Во павилјонот со површина од 380 квадратни метри, 200 квадрати се изложба. Генерално се претставуваме на економски план. Околу 75 отсто од целиот павилјон го покрива делот на економијата, претставувањето на странските инвестиции, субвенциите кои ги дава државата, планот за економскиот развој, делот за енергетиката, но генерално и во делот туризам и нашите потенцијали. Освен тоа ја презентираме Македонија како држава каде живеат во кохабитација различни етнички групи, различни религии и исто така го покажуваме нашиот историски дел, богатата култура, споменици. Исто така во павилјонот донесовме две препарирани животни, балканскиот рис и златен орел, кои се карактеристични за нашиот регион и кои станаа атракција бидејќи се многу блиски до локалните жителите во Емиратите и исто така се преознатливи за нив. Посетителите можат да видат и етнички носии, кои се исто така карактеристични и ја претставуваат културата и традицијата во нашата земја“.

246135509_209931801245150_7881612488745951753_n_resize

246174632_209932001245130_4319795090306012018_n_resize

Ајдини потенцира: „Фокусирани сме и на туризмот. Затоа го претставуваме Охридското езеро нашиот летен туризам, зимскиот, Попова Шапка, како идна дестинација за туристи и ски центарот Маврово, но и другите сезонски туристички дестинации“.

243800800_4399172063508068_6830426061299834341_n_resize

243439414_197328122505518_5207802317566151297_n_resize

244421373_199616722276658_1932860616243900290_n_resize

244521857_199616752276655_6909061978930717527_n_resize

247311651_209931931245137_7061904252827475893_n_resize

247561437_209931867911810_343984054644521942_n_resize

246534146_209932064578457_4488313024610062179_n_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top