Насловна / Арт и дизајн / Доделено Гран при на Остен Биенале Скопје 2024 на Микеланџело Пистолето

Доделено Гран при на Остен Биенале Скопје 2024 на Микеланџело Пистолето

На 11 мај 2024 (сабота) во 12 часот, ОСТЕН АРТ Скопје му ја врачи официјалната награда ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024 на еден од најголемите уметници на денешницата – МИКЕЛАНЏЕЛО ПИСТОЛЕТО.

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современа уметност во Белград, како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното ГРАН ПРИ – скулптура од Петар Хаџи Бошков, на Маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на ОСТЕН Скопје.

Настанот беше организиран во соработка со Музеј на современа уметност на Белград, Србија, „Зеринтија“ – Асоцијација за современа уметност  (https://bit.ly/4acredW) Рим, Италија и Марио Перони.

Доделувањето на највисоката награда предвидена во рамките на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024 е најважниот настан од годишната програма на Биеналето која започна со изложбата „Тркало на времето“ од Марко Бањоли, Италија (23 април – 5 мај 2024) во НГМ – Чифте амам со која се најави ИТАЛИЈА како „Земја во фокус“ и континуирано се одвива со самостојни и групни изложби во Галерија ОСТЕН.

Повеќе за добитникот на ГРАН ПРИ – Маестро Микеланџело ПИСТОЛЕТО, Италија

Иако Микекеланџело Пистолето е многу добро познат не само на професионалната, туку и на пошироката јавност како уметник, теоретичар во уметноста, централна фигура во италијанското уметничко движење „Арте повера“ (https://en.wikipedia.org/wiki/Arte_Povera), изумител на “Формулата на креацијата“ (https://www.cittadellarte.it/attivita/la-formula-della-creazione-libro-michelangelo-pistoletto) и основач на Цитаделарте (https://www.cittadellarte.it/en) сепак да се потсетиме подетално и хронолошки на неговите извонредни уметнички достигнувања кои се причина за оправданоста на одлуката на Советот на амбасадори на ОСТЕН токму нему да му се додели највисоката награда на Биеналето:

Микеланџело ПИСТОЛЕТО (http://www.pistoletto.it/eng/home.htm) е роден во Биела, Италија во 1933 година.

Тој започна да ги изложува своите дела во 1955 година, а веќе во 1960 година ја имаше својата прва самостојна изложба во Галерија Галатеа во Торино. Неговите рани дела се карактеризираат со истражување во автопортретирањето.

1961-62   Првите огледални слики, кои директно го вклучуваат гледачот и реалното време во делото, ја отворија перспективата, менувајќи ја ренесансната перспектива која заврши со појавата на авангардите од дваесеттиот век. Овие дела брзо му донесоа меѓународно признание на Пистолето, што доведе, во шеесетите, до самостојни изложби во важни галерии и музеи во Европа и во САД. Огледалните слики се основата на неговиот последователен уметнички труд и теоретска мисла.

1965-67   Пистолето продуцираше серија на дела со наслов „Минус објекти“, кои се сметаат за фундаментални за раѓањето на Арте Повера, уметничко движење во кое Пистолето беше анимирачка сила и протагонист. Тој започнува да работи надвор од традиционалните изложбени простори, со првите примери „креативната соработка“ што ја разви во следните децении со спојување на уметници од различни дисциплини и различни сектори од општеството.

1975-76 Тој презентира циклус од дванаесет последователни изложби, Le Stanze, во галеријата Штајн во Торино. Ова беше првото од серијата сложени, едногодишни дела наречени „временски континенти“. Други се Бела година (1989) и Среќна желка (1992).

1978       Во една претстава во Торино, Пистолето дефинира две главни насоки во кои ќе се движат идните негови уметнички дела: Поделба и множење на огледалото и Уметноста ја презема религијата.

Во раните осумдесетти, тој направи серија скулптури од цврст полиуретан, преведени во мермер за неговата самостојна изложба во 1984 година во Форте ди Белведере, Фиренца.

1985-89 Пистолето создава серија „мрачни“ серии наречени Уметност на бедата (Art of Squalor).

Во текот на деведесеттите, со Уметничкиот проект (Project Art) и со создавањето на Цитаделарте – Фондација Пистолето во Бјела (Cittadellarte – Fondazione Pistoletto, Biella) и Универзитетот на идеи, тој ја внесе уметноста во активна врска со различни сфери на општеството со намера да инспирира и произведе одговорна општествена промена.

2003       Пистолето го доби Златниот лав за животно дело на Биеналето во Венеција.

2004       Универзитетот во Торино му додели Почесна диплома (Laurea Honoris Causa) за политички науки. По тој повод, уметникот го објави она што стана најновата фаза од неговото творештво, Третиот рај.

2007       Во Ерусалим, тој од Фондацијата Волф ја доби Наградата за уметност, „за неговата постојано инвентивна кариера како уметник, едукатор и активист, чија немирна интелигенција создаде претпазливи форми на уметност кои придонесуваат за ново разбирање на светот“.

2010       Го напишал есејот Третиот рај, објавен на италијански, англиски, француски и германски јазик.

2012       Пистолето започна да го промовира Денот на повторното раѓање, првиот светски ден на повторното раѓање, кој се слави секоја година на 21 декември со иницијативи кои се случуваат низ целиот свет.

2013       Лувр во Париз беше домаќин на неговата самостојна изложба „ Микеланџело Пистолето, година прва – рај на земјата“ (Michelangelo Pistoletto, année un – le paradis sur terre). Истата година, тој ја доби Наградата од императорот (Praemium Imperiale) за сликање, во Токио.

2015       Добива Почесна диплома на Универзитет за уметност во Хавана, Куба. Истата година реализира дело од големи димензии, наречено Преродба, сместено во паркот на Палатата на нациите во Женева, седиштето на ОН.

2017       Напишан е текстот од Микеланџело Пистолето Оминтеизам и Демопраксија. Објавен е Манифест за обнова на општеството.

2021       Во Цитаделарте (Cittadellarte) беше отворен Универзитарио (Universitario), изложбен простор во кој уметникот ги презентира своите најнови истражувања, а во декември 2022 година беше објавена неговата најнова книга Формула на креацијата (La formula della creazione), во која тој ги пресликува основните чекори и еволуцијата на целокупната негова уметничка кариера и теоретска рефлексија.

За потсетување:

Советот на амбасадори на ОСТЕН е советодавно тело составено од уметници (по правило добитниците на ГРАН ПРИ за животно остварување стануваат и амбасадори на ОСТЕН), професионалци во уметноста (дел од членовите на меѓународното жири на ОСТЕН Биеналето на цртеж), како и други поддржувачи на ОСТЕН и љубители на уметноста. Советот на амбасадори на ОСТЕН предлага и донесува одлука за добитниците на ГРАН ПРИ за животно остварување.

ГРАН ПРИ за животно остварување се доделува на автор кој го дистигнал врвот на својот професионален живот и чие творештво претставува највисоко достигнување во светската современа уметност (досега наградени: Џозеф Кошут, Илја и Емилија Кабаков, Пјер Сулаж, Тони Крег, Марина Абрамовиќ, Кристо, Владимир Величковиќ…)

Испрати коментар

Scroll To Top