Насловна / Архитектура / Доделени наградите „Civic Trust“ за 2015 година – Одбележување на исклучителната архитектура

Доделени наградите „Civic Trust“ за 2015 година – Одбележување на исклучителната архитектура

На 6 март во Swan, Shakespeare’s Globe Theatre (Шекспировиот театар „Глоуб“) во Лондон, беа доделени 56-тите по ред годишни награди „Civic Trust“, а преку кои се одбележува исклучителната архитектура и проектите во доменот на изградената средина. Домаќини на овогодишната церемонија беа архитектот, авторот и телевизискиот водител George Clarke (Џорџ Кларк) и раководниот директор на Наградите „Civic Trust“ Malcolm Hankey (Малколм Ханки).

Оваа година беа пријавени 238 реализирани објекти за оваа престижна награда, од кои 91 национални и меѓународни проекти беа наградени со Признание, а кои ги вклучија и наградите на Pro-Tem за времени проекти или инсталации, и нововоспоставената награда за Конзервација (Заштита на градителското наследство) на Регистерот на акредитирани архитекти во конзервација на објекти (Register of Accredited Architects in Building Conservation – AABC).

Дополнително, осум специјални награди беа доделени на проекти коишто особено се истакнале во специјализирани области. Добитници на специјалните награди за 2015 година се:

ladinski

Награда „Selwyn Goldsmith“ за универзален дизајн

Оваа специјална награда, спонзорирана од Queen Elizabeth Olympic Park, се доделува во чест на архитектот и основачот во доменот на универзалниот дизајн, Селвин Голдсмит. Овогодишен добитник на наградата е проектот Библиотека на Бирмингем на „Mecanoo“ за потребите на Советот на градот Бирмингем.

ladinski (10)

Специјална награда за Шкотска

Советот на градот Единбург и Советот на градот Глазгов ја имаат поддржано ова специјална награда чиишто овогодишен добитник е проектот Maggies Cancer Caring Centre Lanarkshire (Магис центар за нега на канцер во Ланаркшире) од Reiach and Hall Architects за потребите на Maggie’s Cancer Caring Trust.

ladinski (17)

Специјална награда за објект од тула

Оваа специјална награда за егземпларен објект од тула е спонзорирана од Derwent London, а овогодишен добитник е Saw Swee Hock Student Centre(Студентски центар „Saw Swee Hock“) на O’Donnell + Tuomey за Лондонската школа за економија и политички науки.

ladinski (5)

Специјална награда за импакт и вклученост на заедницата

Со оваа специјална награда се одбележува проектот што има покажано како успешната вклученост на заедницата може да помогне да се реализираат проекти со највисок квалитет, а притоа да се задоволат и потребите на локалното население.Овогодишен добитник на оваа специјална награда е Black Cultural Archives(Културен архив на црните) од Pringle Richards Sharratt.

ladinski (14)

Специјална награда за одржливост

Оваа специјална награда се доделува на проектот којшто покажал одлични карактеристики на оджливост од аспект на севкупните параметри на проектот, изборот на материјал, методи на изградба и долгогодишна потрошувачка на енергија. Chester Balmore од Rick Mather Architects за London Borough of Camden е добитник на овогодишната награда.

ladinski (18)

Специјална награда „Michael Middleton

Со оваа специјална награда, која се доделува во спомен на поранешниот директор на „Civic Trust“ Мајкл Мидлтон, се одбележува или проект за обнова на постоен објект или пак новоизграден обојект во зона на заштитено градителско наследство. Добитник на овогодишната специјална награда е Wing and Ground Floor East Wing(Крило и приземје на источното крило) на Interior Architect за Forme UK LLP за Somerset House Trust.

ladinski (13)

Специјална награда на Pro-Tem

Добитник на овогодишната специјална награда за егземпларен проект или инсталација, спонзорирана од Metropolitan Workshop е Blood Swept Lands and Seas of Red (Со крв проткаените земји и мориња во црвено) од Paul Cummins со Tower of London (Кулата во Лондон).

ladinski (6)

Специјална награда на Националниот панел

Членовите на Националниот панел (за доделување на наградата „Civic Trust“) го бираат добитникот на оваа специјална награда од веќе наградените проекти за овогодишната награда. Најсаканиот проект од сите наградени проекти, за Националниот панел оваа година е Abode at Great Kneighton (Живеалиште во Големиот Најтон) на Proctor and Matthews Architectsза Countryside Properties.

Дел од добитниците на овогодишните специјални награди доаѓаат од редот на веќе познатите објекти на читателите на „Порта 3“, како што се на пример Библиотеката на Бирмингем и Студентскиот центар „Saw Swee Hock“ при Лондонската школа за економија и политички науки, коишто веќе се добитници на други престижни архитектонски награди во Велика Британија. Преостанатите пет објекти и една инсталација претставуваат избор од најдоброто во својата област за оваа година.

Така, Живалиштето во Големиот Најтон укажува на уште еден дострел во проектирањето и изградбата на иноватовни станбени комплекси во Кембриџ.  За разлика од нашироко познатиот Аркадија (Arcadia) комплекс,од преминот помеѓу двата века, лоциран во близина на историското јадро и центарот на градот, Живеалиштето во Големиот Најтон претставува успешен обид за оформување на нова заедница на јужната граница на Кембриџ. Комплескот содржи над 300 станбени објекти подредени како секвенца на простори и видови на домување, коишто нудат богата разновидност на станбени типологии но и модели на сопственост и користење.

Крилото и приземјето на источното крило на куќата Сомерсет (Somerset House) во Вестменстер (Westminster), Поширокиот Лондон, претставува исклучително успешна адаптација на дел од палата и заштитен објект на градителско наследство од прва категорија, при што по 150 години користење од страна на даночната служба било овозможено историскиот деловно-административен простор да се замени со флуидна композиција на меѓусебно поврзани галерии и комерцијални простори.

Честер Балмор е уште еден награден проект лоциран во британската престолнина. Станува збор за иновативен повеќенаменски комплекс со 53 станбени единици, испроектиран според стандардот Пасив хаус (PassivHaus), од кои повеќе од половина од станбените единици се испроектирани и изградени како финансиски достапни за лицата со пониски примања од жителите на Камден (Camden), Поширокиот Лондон. Овој комплекс е добар пример на проект кој едновремено е и современ, но и чувствителен во однос на своето историско опкружување, но е и еден од најголемите станбени комплекси изградени во земјата според стандардот Пасив хаус.

Преку овој културен репер, Културниот архив на црните по првпат се стекнува со објект изграден за потребите на овој архив, со што се овозможува сместување на водечката независна архивска колекција посветена на историјата и културата на луѓето од африканско и карипско потекло во Британија. Преку оваа реализација напуштениот Raliegh Hall, објект на заштитено културно наследство од втора категорија, бил трансформиран во престижен центар на културно наследство кој овозможил архивот да се стекне со локално, национално и меѓународно присуство во објект кој ги поддржува образовните, истражувачките и другите активности на архивот.

Магис центарот за нега на канцер е лоциран во рамките на имотот Еирдри (Airdrie Estate) дониран во 1919 година за да стане гинеколошко-акушерска болница. Преку новоизградениот објект се прави напор повторно да се воспостави идејата за граница на болничкиот комплекс преку поврзување на објектот со две алеи на возрасни липи со што се создава чувство на континуитет и ограденост на северниот дел на комплексот. Проектот претставува приказна за затворени градини со прекрасно изразени и обработени елементи.

Веројатно, ниту една од наградените реалзиации со специјални награди нема предизвикано толкав медиумски интерес во земјата како инсталацијата „Со крв проткаените земји и мориња во црвено“, поставена во рамките на поранешниот канал со кој е опкружена Кулата во Лондон во 2014 година во периодот од август до ноемеври. Оваа огромна уметничка инсталација пошироко е призната како споменик на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна. 888.246 црвени цветови на булки изработени од керамика, по еден за секој загинат, ги симболизираат сите загинати, британски и колонијални, во оваа трагична војна.

Организацијата Civic Trust(www.civictrust.org.uk) е основана во 1957 година од британскиот политичар Данкан Сандис (Duncan Sandys), бивш зет на Сер Винстон Черчил (Sir Vinston Churchill), кој се залагал за создавање на подобри места за живеење на луѓето. Наградите „Civic Trust“ (www.civictrustawards.org.uk) се основани во 1959 година и претставуваат една од најстарите награди за реализирани објекти во доменот на изградената средина во Европа.

лагодарност до организацијата Civic Trust, особено до раководниот директор, господинот Малколм Ханки, за пристапот до илустративните материјали за овогодишните награди.)

 

Испрати коментар

Scroll To Top