Насловна / Вести / Добиена е нова легура – најотпорна во светот

Добиена е нова легура – најотпорна во светот

Истражувачите од Sandia National Laboratories од New Mexico, развија нова легура составена од платина и злато, која е исклучително отпорна на триење и трошење. Легурата има механичка цврстина и постојаност која е околу 100 пати повисока од најдобрите легирани челици. Тимот успеал да постигне и извонредна термичка стабилност на материјалот. Резултатот е еден прекрасен хибрид од двата метали со сребрено бела боја кој има двојно значење за индустријата. Прво, подобрување на отпорноста во врска со триењето и трошењето на материјалот. Второ, при изложеност на притисок, легурата самата генерира минимални количини од сопствениот материјал кој има улога на лубрикант. На овој начин, се прави заштеда во одржувањето бидејќи не се потребни класични постапки за подмачкување.

durable2

durable3

Покрај значењето за науката, ова откритие се очекува да има сериозно влијание врз индустријата, особено врз индустријата за електронски уреди и компоненти. И покрај фактот што одржливиот развој и кружната економија во фокусот го ставаат рециклирањето на старите и неупотребливи електронски уреди, сепак продолжувањето на векот на истите има големо влијание врз ефикасното користење на ресурсите. Токму поради намалувањето на триењето и трошењето на материјалите, односно продолжувањето на векот на електронските уреди, ќе се влијае на рационалната употреба на ресурсите како една од компоненетите на одржливиот развој. Студијата е објавена во списанието Advanced Materials.

durable4

Испрати коментар

Scroll To Top