Насловна / Вести / Дискусија за уметност и активизам и две изведби со презентации во рамки на „Локомоушн“

Дискусија за уметност и активизам и две изведби со презентации во рамки на „Локомоушн“

Во рамките на фестивалот за модерен танц и перформанс „Локомоушн”, кој од 24 до 28 октомври се одржува во Младинскиот културен центар и во „Менада“, вечерва (26 октомври) ќе се одржи дискусија за уметност и активизам и две изведби со презентации.локомоушн фестивал1

Во 18.часот е дискусија на тема Уметност и активизам, која ќе биде водена од страна на учесниците на програмата КРИТИЧКА ПРАКСА_Made in Yu, која се реализира како како дел од европскиот проект LIFE LONG BURNING.

Претставници на локалната културна сцена и поканети учесници во дискусијата се: Филип Јовановски, Ивана Васева, Ивана Дракшиќ и Искра Гешоска.

Во 20 чaсот е презентација на истражување „Движење на љубовта“ на авторката Сабрина Железник.

MRF (Madness runs in the family) -презентација и истражување на ко-авторите Драгана Заревска и Александар Георгиев е во 21 часот.

Георгиев и Заревска го отпочнаа овој долгорочен проект после соработката помеѓу Георгиев и неговата мајка, во рамки на која во текот на 2014 се изроди перформансот „Свежо-печени театарски простори“.

Перформансот преку рефрен како музика, ги испитува рефрените во семејното дрво.

Во рамки на Локомоушн 2015, ќе се презентираат дел од материјалите за сценскиот перформанс, ќе се разговара за праксата. Гостите ќе бидат воведени во магичната пракса „гледање на слики“, специјално разработена од Заревска и Георгиев за потребите на MRF.

Проектот беше развиен преку уметнички резиденции овозможени од Локомотива како Либеро партнер на мрежата АПАП.

Уметниците имаа две резиденции како дел од ова партнерство – една во СЦ Загреб, Култура Промјене и една во БУДА Кортијк (Белгија). Драматуршка поддршка за резиденцијата во Белгија е Игор Добричиќ (Германија/ Холандија). МРФ понатака ќе биде развиен во 2016 реку нови уметнички резиденции во Workspace Brussels и BUDA Kortrijk

Сите програми на фестивалот се со слободен влез.

Организација на фестивалот: Локомотива – Центар за Нови Иницијативи во уметноста и културата/ партнер Театарот на Навигаторот Цветко и проект КИНО Култура.
Фестивалскиот програм на Локомоушн #8 е поддржан од Општина Центар преку проектот Кино култура за развој на современите изведувачки уметности, Гете Институт Скопје и Министерство за култура на Р. Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top