Насловна / Вести / Дигитализација на Виена – од образованието до земјоделството

Дигитализација на Виена – од образованието до земјоделството

Градоначалникот на Виена, неодамна пред градскиот совет ги презентираше првите резултати од т.н“Дигитална агенда 2025“ склучена на 26 септември 2019 година. Досега во дигитализацијата на Виена извршени се следните чекори:

Во градинките и училиштата децата користат интерактивни дидактички помагала како што е роботот Digi Box. Станува збор за дигитален робот во облик на пчела. Овој проект ќе биде проширен на вкупно 228 училишта и 350 градинки во Виена. Роботот може да се движи по различни подлоги, а копчињата на “грбот“ од роботот служат за програмирање и меморирање на 40 наредби. Додека ракуваат со нив, децата не само што се учат на основите во програмирањето, туку и на аналитичко размислување, просторна ориентација и решавање на проблеми. Дигитализацијата успешно се спроведува во средните училишта преку нови предмети и насоки од оваа област. Исто така, Виенскиот Фонд за субвенционирање на работници, организираше програма  Digi-Winner, со која на повозразните невработени лица им се нуди обука и усовршување во областа на програмирањето во висина до 5000 евра. За оваа своја програма, Град Виена има издвоено средства во вредност од 3,5 милиони евра.

digibox1

digibox2

digibox3

digibox4

Со цел регулирање на сообраќајот и намалување на гужвите, главниот град на Австрија поставил и вмрежил семафори кои се опремени со сензори за временските услови. Се развива и паметно земјоделство и се работи на зајакнување на дигитализацијата преку финансирање на поединечни проекти во висина до 400.000 евра.

„Дигиталната агенда“ е еден вид на работен документ кој постојано се дополнува, евалуира и служи за преглед на актуелните проекти во градот. Едно од основните начела на дигиталната агенда е градот како услуга, односно град кој им служи на граѓаните како дигитална платформа и придонесува за подобар квалитет на животот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top