… РАБОТИТЕ НА БЕЛГРАДСКАТА ОБИКОЛНИЦА УШТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА
Иако завршувањето на Белградската обиколница беше најавувано за 15 октомври, работите ќе потраат уште десетина дена – соопшти градоначалникот на Белград Драган Ѓилас, кој го обиколи градилиштето на потегот Орловача – Остружница, во друштво на министрите за инфраструктура и за националниот инвестиционен план Милутин Мркоњиќ и Верица Калановиќ. Делот од Секторот 4, кој ги поврзува Орловача и Остружница, е речиси готов, но преблем е изградбата на пристапните јазли.
– Не можеме да ги обвинуваме ни изведувачите ни работниците за пробивањето на рокот, затоа што овие луѓе вредно работат полни три смени секој ден, рече Ѓилас.
И директорот на изведувачот на работите, компанијата „Планум”, Ратомир Тодоровиќ потврдува дека најважниот дел на обиколницата, од Остружница до Орловача, ќе биде завршен деновиве. Важноста на овој дел од „кружниот пат околу престолнината” е голема доколку се има предвид дека со нејзината изградба товарните возила кои секојдневно доаѓаат во Белград преку мостот „Газела” практично ќе бидат изместени и ќе има алтернатива за сообраќајните метежи во центарот.
– Работиме ден и ноќ и можам да кажам дека сме на чекор од завршувањето. Се асфалтира тунелот „Железник” и се работи на поврзувањето на прекините на петте мостови, колку што ги има во овој секотор од обиколницата – вели Тодоровиќ. Работите на петте мостови, каде се ангажирани работници на „Мостоградња”, се при крај, како што се и при крај земјаните работи на јазолот Орловача. На Секторот 4 ќе биде изграден полуавтопат, односно пат со само една коловозна лента, додека другата ќе биде изградена дури кога целата обиколница ќе биде готова, а се проценува дека тоа ќе биде до 2011. година. Досега се изградени 17,6 километри пат од Добановци до Остружница. На делницата Добановци – Сурчин завршена е изградбата на една коловозна лента, целосно е завршен потегот од Сурчин до Остружница и е поправен мостот преку Сава кај Остружница. Следи поврзувањето на Орловача со Авалски пат низ тунелот во Стражевица, кој го гради „Енергопроект”, и конечно, делницата Авалски пат – Бубањ поток, со тунелот во Милошевиот конак.
Замислено е идната обиколница долга околу 47 километри да ја сочинуваат обиколниот автопат од Батајница, преку Добановци, Остружница, Железник и Бели поток, со коридор преку Винча и новиот мост на Дунав за врска со меѓународниот пат Е-70. Кога ќе биде готова, оваа сообраќајница наедно ќе ги поврзе сите магистрални и меѓународни патни правци кои се сретнуваат во Белград.
рамче Состојба по сектори Сектор 1: Добановци – Сурчин, 7,8 километри (завршено) Сектор 2: Сурчин- мост на Сава, 4,9 километри (завршено) Сектор 3: Мост на Сава – Остружница, 4,9 километри (завршено) Сектор 4: Остружница – Орловача, 7,7 километри (до крајот на октомври) Сектор 5: Орловача – Авалски пат, 5,4 километри (делумно завршено) Сектор 6: Авалски пат – Бубањ поток, 7,4 километри (не е ни почнато)
(Блиц)
Објавено во број 93.