Насловна / Арт и дизајн / Денес во центарот на Скопје почнува „Статуафест – Другото лице на улицата“

Денес во центарот на Скопје почнува „Статуафест – Другото лице на улицата“

Фестивалот „Статуафест – Другото лице на улицата“ денеска и утре ќе се одржува на плоштадот „Македонија“ од 18 часот.  Организатор е „Театроск“, со поддршка од Град Скопје.

Стауафест – Другото лице на улицата и оваа година ќе испрати глобална порака.

Оваа година темата е онаа најактуелната, која глобално го “парализираше” светот – коронавирусот.

Конкретниот постуалт на фестивалот е; ‘Скопје во време на корона’

Целта на овогодинешниот фестивал е преку уличните живи статуи да се прераскажеме во вкочанета слика, каков беше, а и се уште е животот од месец март па наваму и што точно му се случува на нашиот град, па и светот воопшто.

Поставката на фестивалот во кој сите артисти ќе бидат идентични по однос на боја (што преносно, односно симболично означува душа – Tabula Rasa: сите сме исти под сонцето) има за цел да испрати гласна порака преку молчаливата уметност каков не сакаме да биде периодот кој следува, односно она што здравствените работници го нарекуваат втор бран.

Ова да заврши!

Никогаш веќе да не ни се повтори!

ст_resize

#streetartsavedmylive

#Teatrosk

#СтатуаФест

Испрати коментар

Scroll To Top