Насловна / Арт и дизајн / Денес самостојната изложба на Родољуб Анастасов -„Човек и простор”

Денес самостојната изложба на Родољуб Анастасов -„Човек и простор”

Денес во 19.00 часот, во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов”, Музеј на град Скопје ќе се отвори самостојната изложба на Родољуб Анастасов, „Човек и простор”.

334. Chovek i prostor CLV
Ќе бидат изложени 30-ина дела од еден од најпознатите и најобемни циклуси од творештвото на Анастасов, “Човек и простор”, изработени во различни техники – пастел на хартија, масло на платно, акварел, комбинирана техника и сл.
Изложбата е годишна, односно ќе биде поставена во Галерија “Јустина и Родољуб Анастасов” до декември 2019 год.

336. Chovek i prostor CLVIII
РОДОЉУБ АНАСТАСОВ е роден 1935 година во Скопје, Македонија. Бил професор по сликарство на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Дипломирал на Академија за ликовна уметност во Белград. Пет години бил член на Меѓународната Група “Јуниј”. За неговото творештво објавени се две монографии: ВЕЛИЧКОВСКИ, Владимир, Родољуб Анастасов, Скопје, Табернкул, 1995. и АНАСТАСОВ, Родољуб, Catalogue reisone: НУ Музеј на современa уметност, Скопје 2011.

337. Chovek i prostor CLVI

Испрати коментар

Scroll To Top