Насловна / Арт и дизајн / Денес ретроспективна изложба на Жарко Јакимовски

Денес ретроспективна изложба на Жарко Јакимовски

Денес, 23 ноември во 19:00 часот, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на македонскиот сликар Жарко Јакимовски.

Жарко Јакимовски (1948) е доајен на македонската ликовна уметност, активен на полето на ликовната уметност кај нас речиси веќе 50 години. Добитник е на бројни награди и признанија, и тоа: Награда за цртеж „Климент Охридски“; Награда за сликарство „Лазар Личеноски“; Награда за сликарство „Нерешки мајстори“; Гран при на ДЛУМ на IV Зимски салон и др.

Жарко-Јакимовски-1_resize

Ова е прво вакво ретроспективно претставување на творештвото на уметникот со ваков карактер, при што ќе бидат презентирани дела од сите главните фази во неговото сликарско и цртачко творештво.

ЖАРКО 2_resize

Жарко Јакимовски студирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана (1970-1974), кај професорите Габриел Стубица, Јанез Берник, врвни мајстори од познатата традиција на љубљанската школа, од кои секако можел да ги прими сликарските вештини, пред сѐ цртежот како дисциплина, што понатаму е евидентно во неговото творештво. Индиректно, особено низ студиски престои во Холандија, Франција, Германија…, го „образувале“ големите мајстори на светската историја на уметноста, но и неисцрпната македонска ликовна традиција – средновековното фрескосликарство и иконопис. Во целото негово творештво можат да се видат назнаки за влијанија од тие европски искуства и секојдневни анализи на големите ремек-дела, но и на македонското традиционално, иконографско искуство во коешто уметникот наоѓа една извонредна врска – тоа е сликарството од Курбиново, фреските на Михаил и Евтихиј итн.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top