Насловна / Арт и дизајн / Денес изложба „Модерни трендови во унгарската фотографија“

Денес изложба „Модерни трендови во унгарската фотографија“

Денес, со почеток во 19 часот, во Мала станица ќе биде презентирана изложбата „Модерни трендови во унгарската фотографија“ во организација на Националната галерија, Амбасадата на Унгарија во Скопје, Унгарскиот музеј на уметност и Дирекцијата за култура и уметност. Изложбата има за цел да ги истакне прогресивните идеи што оставиле голем печат на уметничката фотографија од Унгарија во 20 век преку неколку дела од светски познати фотографи и други уметници кои досега биле познати во Унгарија отколку во останатиот дел од светот. Изборот е направен од колекциите што се наоѓаат во Унтарскиот музеј на фотографија.

00250055 (1)

Изложбата ќе ја претстави директорот на Музејот на унгарската фотографија Петар Баки, а обраќање ќе имаат и неговата екселенција Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Република Унгарија, Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија и Никола Глигоров, директор на Дирекцијата за култура и уметност.

Bárány-Nándor - Forgástestek 1934 (1)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top