Насловна / Вести / Денес е Светскиот ден на урбанистичкото планирање

Денес е Светскиот ден на урбанистичкото планирање

 

Денес, 8. ноември е Светскиот ден на урбанистичкото планирање (World Town Planning Day – WTPD), се одбележува во над 30 земји и има за цел да го промовира урбанистичкото планирање и да ја подигне свеста на професионалците и јавноста за важноста на урбаниот развој.

Иницијатор на Светскиот ден на урбанистичкото планирање е урбаниот планер и професор на Универзитетот во Буенос Аирес, Carlos Maria della Paolera (1890-1960), првиот јужноамериканец кој дипломирал на Институтот за урбанистичко планирање на Универзитетот во Париз. Paolera ја започна својата битка за изучување на урбанистичкото планирање како посебна дисциплина во Аргентина уште во 1929 година, кога станал еден од иницијаторите за формирање на првата катедра за урбанистичко планирање на Универзитетот во Буенос Аирес.

Автор е на бројни текстови од областа на урбанизмот и творец на првиот симбол за Светскиот ден на урбанизмот. Симболот е усвоен на Меѓународниот конгрес за урбанизам во 1934 година, кој се одржал во Аргентина, една година по IV Меѓународен конгрес за модерна архитектура во Атина (Congres internationaux d’architecture modern – CIAM IV), чија тема била Функционален град. Иако Обединетите нации веднаш го вклучиле .8 ноември како Светски ден на урбанистичкото планирање, тој официјално се слави од 1949 година.

у1

Симбол на урбанизмот; Трилогија на природни елементи неопходни за животот: сонце (жолто), вегетација (зелено) и воздух (сино) – рамнотежа помеѓу природната средина и луѓето

Планерите, урбанистите и креаторите на места денес се поканети на 74. Светски ден на урбанистичкото планирање 2023, виртуелна онлајн конференција која се случува денес. Овогодинешната тема е: Учете глобално, применете локално, фокусирајте се на вредностите на учење од планирање и од културата на планирање на глобално ниво, поттикнувајќи иновативни, одржливи и праведни решенија за справување со глобалните предизвици.

WTPD 2023 е виртуелна глобална конференција со настани организирани од здруженија членки на Global Planners Network во различни временските зони од утро на Нов Зеланд до вечер во САД/Канада.

Линк за регистрација на конференцијата.

у2

Испрати коментар

Scroll To Top