Насловна / Вести / Огромно парче мраз се одвои од Гренланд, експертите предупредуваат на катастрофа

Огромно парче мраз се одвои од Гренланд, експертите предупредуваат на катастрофа

Големо парче мраз се одвои од најголемата преостаната област со мраз на Арктикот, северо-источно од Гренланд.
Скршениот дел опфаќа околу 110 квадратни километри, а сателитските снимки покажуваат дека се распаднал на многу мали парчиња, пренесува Би-Би-Си.

Grenland
Ледените плочи се топат и се распаѓаат со застрашувачка брзина, а климатолозите предупредуваат дека тоа ќе предизвика катастрофално покачување на нивото на морето со текот на времето.
Во неодамнешна студија, научниците претпоставуваат дека Гренланд и Антарктикот ќе станат дел од најлошото климатско сценарио доколку ледените плочи продолжат да се топат со таа брзина, што ќе ги направи крајбрежните заедници со милиони жители најзагрозени.
Во студија објавена во научното списание „Nature Climate change“, научниците споредија сателитски слики на топење мраз користејќи податоци од климатски модел објавени во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2015 година.

Grenland1
Авторите на истражувањето открија дека во Гренланд и Антарктикот се стопиле 6,4 милијарди тони мраз помеѓу 1990 и 2017 година, поради што светското ниво на морето се искачило за 1,8 сантиметри.
Стапката на топење на мразот не остана постојана, таа забрзуваше во последните неколку години, а она што е особено загрижувачко е што само помеѓу 2007 и 2017 година, нивото на морето се искачи за 1,2 сантиметри.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top