Насловна / Арт и дизајн / Дело на рускиот сликар Кандински продадено за 37,2 милиони фунти

Дело на рускиот сликар Кандински продадено за 37,2 милиони фунти

Сликата на пионерот на апстрактното сликарство, рускиот сликар Василиј Кандински од 1910 година, наречена „Мурнау со црква II“ (“Murnau mit Kirche II”), минатата недела е продадена на аукција за 37,2 милиони фунти (44,6 милиони долари), што е нов аукциски рекорд за некое дело на овој уметник, објави аукциската куќа „Sotheby’s“.

Уметничкото дело, масло на платно со димензии 96 на 105.5 сантиметри, неодамна им беше вратено на наследниците, на неговите првични сопственици, истакнатите германски колекционери од 1930-тите Зигберт и Јохана Маргарета Стерн, кои потоа одлучија да го продадат на аукција.

kan

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top