Насловна / Вести / Делата на Чемерски во Софија

Делата на Чемерски во Софија

Педесет и осум уметнички дела од академикот Глигор Чемерски се изложени на три ката во галеријата на Друштвото на уметниците на Република Бугарија, а изложбата ќе трае до 20 февруари годинава.чемерски

Овој настан е организиран од страна на Академијата на науките и уметностите на Република Македонија и Бугарската академија на науките, а со поддршка на Министерството за култура на РМ и Македонско-Бугарската стопанска комора.

Најголем дел од делата беа изложени во Москва пред една година во Руската академија на уметностите, а во месец мај ќе бидат изложени во Српската академија на науки и уметности – САНУ во Белград, Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top