Насловна / Вести / Декарбонизацијата е следниот чекор во развојот на топлификациските системи

Декарбонизацијата е следниот чекор во развојот на топлификациските системи

Додека кај нас сеуште приклучувањето кон топлификациската мрежа е главен предизвик дури и за жителите на главниот град (покриеноста со топлификациска мрежа е 30% во Скопје и само 10% на ниво на целата земја), регионот сериозно ги разгледува можностите за користење на обновливи извори на енергија за потребите на далечинските системи за греење и ладење. Тоа беше тема на конференцијата која на 5-ти и 6-ти декември се одржа во Белград, во организација на EBRD и агенцијата IRENA.

Според Paul Voss, директор на здружението на европските топлани Euroheat and Power, користењето на енергијата од ветерните паркови веќе е реалност во ЕУ, а решенијата за одржливо далечинско греење се меѓу приоритетите на новиот состав на европската комисија. Зборувајќи за другите тренови во ЕУ, тој истакна дека сега многу повеќе се зборува за придонесот на далечинските системи за греење во декарбонизацијата, и дека веќе е видлива трансформацијата на овој сектор. Се зголемува користењето на биомаса, соларна енергија, геотермална енергија, како и на отпадната топлина.

Уделот на обновливите извори на енергија во топланите во ЕУ е 19,5%, во Србија само 0,37%, а кај нас 0%.

Професорот Дејан Ивезиќ од Универзитетот во Белград, зборуваше за Акцискиот план за далечинска енергетика на Град Белград во наредните 20 години. Тој истакна дека долгорочниот план (2030-2040 година) предвидува трансформација на системот на Белградските електрани во систем од четврта генерација, користење на соларна енергија, геотермална енергија и отпадна топлина, како и воведување на нова услуга – далечински систем на ладење.

KGH1

KGH2

KHG3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top