Насловна / Вести / Данска планира изградба на енергетски острови и извоз на „зелена“ енергија

Данска планира изградба на енергетски острови и извоз на „зелена“ енергија

Данска планира да изгради два „енергетски острови“ со вкупен капацитет од 4 GW „офшор“ ветерна енергија, во склоп на плановите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 70% до 2030 година, во однос на нивото од деведесетите години од минатиот век.  Се планира Данска да стане извозник на „зелена“ енергија. Исто така, Данска се обврза да стане климатски неутрална до 2050 година. Во владата велат дека со предложеното се отвара нова ера во експанзијата на ветерната енергија на море, но и во областа на изградба на енергетските острови. Се очекува предложените енергетски острови да произведуваат повеќе електрична енергија отколку што данските домаќинства трошат на годишно ниво, па оттука и заложбата за извоз на „зелена“ енергија во соседните земји.

Едно од крајбрежните енергетски јазли ќе биде изградено на вештачкиот остров во Северното море, и би можело да биде поврзано со Холандија. На долг рок, капацитетот на островот би можел да се зголеми до 10 GW. Вториот јазол е на данскиот остров Bornholm во Балтичкото море, со потенцијална конекција со Полска.

denmark2

denmark3

 

Испрати коментар

Scroll To Top