Насловна / Вести / Данска ја одобри изградбата на првиот енергетски остров на светот

Данска ја одобри изградбата на првиот енергетски остров на светот

Првиот вештачки енергетски остров на светот ќе биде изграден во Северно море. Данска го одобри планот за изградба на овој енергетски остров, кој ќе се наоѓа 80 километри од западниот брег. Според плановите, островот ќе се простира на 120.000 квадратни метри (18 фудбалски терени), и во првата фаза ќе снабдува со електрична енергија 3 милиони европски домаќинства. Ќе биде поврзан со стотина огромни крајбрежни ветерни турбини, и ќе има почетен инсталиран капацитет од 3GW. Се очекува да биде во функција до 2033 година. Како што се наведува на сајтот на Министерството за енергетика на Данска, ова е значаен чекор во зелената транзиција, и еден од главните владини проекти. Кога ќе биде во целост имплементиран, ќе може да ја покрие потрошувачката на 10 милиони домаќинства. Забрзувањето на активностите во врска со овој проект, доаѓа откако Европската унија ги претставила плановите за трансформирање на електроенергетскиот систем.

denmark1

denmark2

„Ова е навистина прекрасен момент за Данска, и за глобалната енергетска транзиција. Со оваа одлука започнува новата ера на производство на одржлива енергија. Енергетскиот јазол во Северното море ќе биде најголем градежен проект во историјата на Данска. Ова во голема мера ќе помогне да се реализира голем дел од потенцијалот на европскиот ветер“, рекол министерот за енергетика Дан Јоргенсен. За изградбата на енергетскиот остров ќе бидат потребни околу 33,9 милијарди УСД, а целиот овој проект за Данска е особено важен поради нивната одлука за намалување на емисиите на стакленички гасови за 70% до 2030 година. Како што предвидуваат, вештачкиот остров ќе биде добра основа за проширување на проектот, чија долгорочната амбиција е зелената енергија која ќе биде складиштена на островот, со поморски кабли да се испорачува не само во Данска, туку и во соседните земји. Како што е речено, државата ќе биде мнозински сопственик на островот, а приватните компании ќе можат да вложуваат во изградбата. Данска планира изградба на уште еден остров во Балтичкото море, кое би можело да има конекција со Полска.

denmark3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top