Насловна / Вести / Данците обединети за зелена иднина – еко налепници за сите прехрамбени продукти

Данците обединети за зелена иднина – еко налепници за сите прехрамбени продукти

Во склоп на предлогот на владата на Данска за подобрување на состојбите со климата и квалитетот на воздухот, „Заедно за позелена иднина“, се наоѓа и препорака за налепница на прехрамбените продукти за нивното влијание врз животната средина (food climate labels). Со тоа, граѓаните ќе имаат можност да ги донесуваат своите потрошувачки одлуки врз основа на целосна информираност за последиците кои можат да ги предизвикаат овие производи врз опкружувањето. Дури 30% од емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во Европа се предизвикани од секторот за производство на храна, а најкобно влијание врз атмосферата има месото. Данскиот министер за животна средина најави дијалог со огранокот на малопродажни објекти, месарници и други производители со цел концептот со налепниците да функционира на најдобар можен начин. Се верува дека жителите на Данска, ќе ги искористат информациите од налепниците за свој придонес во намалување на јаглеродниот отпечаток и подобрување на климатските услови. Во рамките на планот „за позелена иднина“, Данците настојуваат да го остварат и следното:

  • Постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 година,
  • Запирање на продажбата на нови возила на бензин и дизел од 2030 година
  • Вложување на 11 милиони евра во инфраструктура за брзо полнење на електрични автомобили
  • Забрана за возење на бензинци и дизел во такси службите од 2030 година
  • Намалување на емисиијата на штетни гасови од индустријата и домаќинствата
  • Асфалтирање со еко асфалт
  • Развивање на еколошко и климатски ефикасно земјоделство со гокус на истражување и наука

Според глобалниот индекс за животна средина за 2016 година, Данска е 4та од 180 рангирани држави.

climate score3

climate score1

climate score2

Испрати коментар

Scroll To Top