Насловна / Вести / Дали најголемото прибежиште за диви животни на Алјаска ќе биде нафтено поле

Дали најголемото прибежиште за диви животни на Алјаска ќе биде нафтено поле

Само неколку дена пред крајот на мандатот на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, неговата администрација дозволи дупчењето нафта да продолжи на околу пет проценти од Националното засолниште за диви животни на Арктикот (ANVR), инаку најголемото заштитено природно подрачје во САД.

Aljaska

Продажбата на овие диви простори на Алјаска е една од најголемите битки за животната средина за кои се покренати бројни тужби од различни здруженија. Рамнината на северниот брег на Алјаска е дом на поларни мечки, стада ирваси, волци, како и некои од автохтоните заштитени видови.

Некои од пресметките на нафтената индустрија покажуваат дека земјата под рамнината содржи милијарди барели нафта. Продажбата на правата за дупчење е кулминација на една од најважните еколошки битки во земјата.

Програмата за дупчење нафта зафаќа површина од околу 70 илјади квадратни метри по должината на Арктичкиот океан, исклучително важна локација за многу видови, особено поларните мечки.

Патем, во зимските месеци, бремените мечки градат дупки во снегот каде раѓаат младенчиња, но како што растат температурите и морскиот мраз станува сè потенок, тие започнале да ги градат своите дувчиња во земјата.

Aljaska1

Експертите за клима велат дека не треба да има ново вадење на нафта и гас. Дури и ако луѓето престанат да користат фосилни горива денес, планетата ќе продолжи да се загрева.

Активистите предупредуваат дека бунарите со нафта во областа на националното прибежиште на Алјаска ќе влијаат на репродукцијата, опстанокот и размножувањето на многу животински видови кои ги населуваат овие области.

Експлоатацијата на нафта доведе и до најштетното излевање нафта во историјата, кога танкерот „Екон Валдез“ исфрли милиони барели на јужниот брег на Алјаска во 1989 година.

Aljaska2

Сепак, многу политички претставници на Алјаска веруваат дека ова истражување може да доведе до уште едно големо нафтено поле, како што е она во заливот Прудо, западно од Националното засолниште за диви животни.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top