Насловна / Вести / Да му помогнеме на проф. д- р Ацевски да направи „Каталог на стари стебла во Македонија“

Да му помогнеме на проф. д- р Ацевски да направи „Каталог на стари стебла во Македонија“

Професор д-р Јане Ацевски , роководител на Катедрата за Ботаника и Дендрологија при УКИМ Шумарски факултет Скопје ги замолува граѓаните на Македонија доколку се во можност на неговиот е-mail: jane.acevski@live.com или во пораки на неговиот профил на Фејсбук, да го информираат ако имаат сознанија за некои стари стебла од сите видови природно застапени кај нас  т.е. во вашето место на живеење.

unnamed (3)

Професорот информира: „Пожелно е да направите неколку фотографии од стеблото (хабитус), деблото, лист, плод или некои други морфолошки карактеристики. Ако сте во можност ГИС кординати, локалитет, село, општина или било која друга информација за местоположбата. Особено ако имате податоци за традиции, легенди, верувања, обичаии или други културно-историски податоци. Најчесто овие стебла се во близина на религиозни објекти (цркви, манастири, џамии, гробишта), во центарот на селата или градовите. Овие податоци му се потребни да направи ‘Каталог на стари стебла во Македонија’.  Сите податоци кои ќе ги пратите ќе бидат стручно и научно проверени на лице место.

Однапред благодарам на соработката заедно да направиме едно значајно дело за големата природна и културно-историска вредност на македонската дендрофлора“.

unnamed (4)

Испрати коментар

Scroll To Top