Насловна / Вести / Црна Гора ќе добие соларна централа од 250MW

Црна Гора ќе добие соларна централа од 250MW

Владата на Црна Гора потпиша договор за изградба на соларна електрична централа со инсталирана моќност од 250MW на Бриска Гора, со конзорциум кој го сочинуваат државната енергетска компанија Elektroprivrega Crne Gore (EPCG), Fortum, и индиската компанија Sterling&Wilson International. За соларната централа не се предвидени никакви субвенции или повластени тарифи, а од 1ви јануари 2020 година, Црна Гора донесе одлука за намалување на тарифите за сите обновливи извори на енергија.  Државното земјиште на кое е планирана изградбата е доделено преку јавен повик, при што споменатиот конзорциум понудил 0,33 евра по m2 на годишно ниво. Се работи за земјиште со површина од  6.621.121 mПланирано е отворање на 226 работни места, а вкупната инвестиција е проценета на 178 милиони евра.

EPCG1

epcg2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top