Насловна / Вести / Црна Гора ги укинува повластените тарифи за обновливите извори на енергија

Црна Гора ги укинува повластените тарифи за обновливите извори на енергија

Владата на Црна Гора го усвоила извештајот според кој уделот на производството на електрична енергија во вкупната финална потрошувачка во 2018 година бил 39,75%, а во 2019 година 38,69%, со што е исполнета националната цел (33%). Затоа, Владата во најскоро време ќе ја стави вон сила Уредбата за повластени тарифи за електрична енергија од обновливи извори. Инаку, државата одобруваше повластени тарифи како поттик за изградба на електрани на обновливи извори на енергија. Законот за енергетика предвидува Владата да престане да ги субвенционира новите капацитети за производство на енергија од обновливи извори, доколку се постигне националната цел, односно Регулаторната комисија за енергетика да престане да доделува статус на повластен производител.

cg1

cg2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top