Насловна / Арт и дизајн / Олимпискиот котел во Токио на Оки Сато инспириран од сонцето

Олимпискиот котел во Токио на Оки Сато инспириран од сонцето

Инспириран од сонцето, олимпискиот котел во Токио е дизајниран да биде подобар за планетата.

Пламенот на Националниот стадион во Токио и уште еден котел кој гори долж крајбрежјето во близина на Токискиот залив во текот на игрите, делумно се одржуваат со водород, што е прв пат овој извор на гориво да се искористи за напојување на олимписки оган.

3_resize

Претходните олимписки пламени обично работеа на пропан, исто така се користеа и магнезиум, барут, смола и маслиново масло откако беше запален првиот модерен котел за Игрите во Амстердам во 1928 година.

За разлика од пропанот, водородот не произведува јаглерод диоксид при согорување. Токискиот котел се напојува со водород произведен од фабрика во префектурата Фукушима, која работи на обновлива енергија.

6_resize

Организаторите на ОИ во Лондон во 2012 година ги промовираа плановите за факел со ниско ниво на јаглерод, но не успеаа на време да го подготват вистинскиот дизајн. Наместо тоа, тие користеа мешавина од пропан и бутан. Бразилските власти нарачаа помал котел за Рио во 2016 година за да го намалат потребното количество гориво.

4_resize

5_resize

Токискиот котел е дизајниран од канадскиот архитект, основачот на Nendo, Оки Сато. Неговата топка инспирирана од сонцето се развива како ливчиња од цвет, за кои организаторите велат дека „отелотворуваат виталност и надеж“. Олимпискиот котел беше дизајниран врз основа на концептот „Сите се собираат под Сонцето, сите се еднакви и сите добиваат енергија“.

2_resize

Направени се вкупно 85 цртежи, од пламен заробен во стаклена топка отпорна на топлина до вртење на пламенот за да се создаде сферичен изглед, како би се изразила саканата сличност со Сонцето. Дизајнираната сферична форма се состои од горна и долна хемисфера, секоја со пет алуминиумски огноотпорни панели кои ги претставуваат олимписките прстени. На крајот на свеченото отворање на Олимписките игри, котелот „процвета“ дочекувајќи го последниот носител на факелот.

Тенисерката Наоми Осака го запали факелот на 23 јули во 23:48 часот, а изведувачите од моќната церемонија држеа сончогледи – познати по вртењето кон сонцето.

1_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top