Насловна / Архитектура / Црквата Wotruba во близина на Виена

Црквата Wotruba во близина на Виена

Црквата Wotruba се наоѓа на ридот во Mauer на периферијата на Виена. Црквата е кулминација на животот на скулпторот Fritz Wotruba (архитектот на проектот, Fritz G. Mayr, често се заборава). Изградена е во средината на 1970-тите години, архитектот Mayr го заврши проектот една година по смртта на скулпторот Wotruba, проширувајќи го модел од глина на скулпторот  за да создаде функционална прошетка во бетонска скулптура. Како што може да се забележи од овие фотографии направени од Denis Esakov, резултатот е хаотичен бруталистички ансамбл кој си игра со границата помеѓу уметноста и архитектурата.1

Fritz Wotruba  е роден во 1907 година, бил најмладиот од осумте деца кои живееле во семејство полно со насилство. Уметноста станала негово психолошко бегство и за време на Втората светска војна Wotruba буквално пребегнал од Австрија во Швајцарија. Откако избегал од војната, Wotruba сонувал за скулптура “во совршено единство со пејзажот, архитектурата и градот”.4

Како еден од најпознатите австриски скулптори на 20-от век, д-р Margarethe Ottillinger го замолува Wotruba да создаде фасцинантна црква на местото на поранешната касарна на нацистите. Ottillinger сакала да се завземе смел религиозен и уметнички став во време кога многу европјани ја губат вербата во Бога.

Црквата Wotruba е одличен пример за тоа како уметничкиот пристап може да ја промени архитектонската пракса и крајниот производ. Црквата е проектирана пред да биде избрана локацијата. Сепак, црквата има команден поглед на Виена и седи во силен контраст со својата спокојна околина. Покрај тоа, Wotruba тврдел дека црквата е инспирација од француската готска катедрала Chartres, иако црквата е брутализам или како што некои велат дека уметничкиот брут- стил пренесува многу различни вредности.2

Обликувањето на дизајнот нема очигледна симетрија или јасна организација. 152 бетонски блокови, во распон од 0,84 до 64 кубни метри и 1,8 до 141 тони, меѓусебно се држат во случајни, хаотични, апстрактни начини, оставајќи малку трагови за тоа каде се наоѓа вистинската предна фасада на црквата. Едноставните прозорци се примарен показател за тоа што и каде оди, овозможувајќи природната светлина да создава променливи форми во рамките на бетонските ѕидови на црквата.6

„Ако оваа конструкција успее, тоа ќе биде една гогромна динамика и драма “, изјавил  Wotruba за неговиот проект. „Привидниот хаос што произлегува од распоредот на асиметричните блокови конечно треба  да резултира во хармонично единство “. Една година по смртта на Wotruba во 1975, архитектот Fritz G. Mayr ја водел изградбата на црквата до  нејзиното завршување.

Црквата Wotruba е еден од примерите на многуте можности на соработка помеѓу уметникот и архитектот. Со проектот за црквата  Wotruba, можеме да почнеме да размислуваме како еден уметнички пристап ја менува архитектурата; кога креативните и рационалните умови работат заедно, резултатот може да биде и убав и функционален.7

8

9

10

12

13

14

15

16

17

18

20

21

22

Испрати коментар

Scroll To Top