Насловна / Архитектура / CNN направи листа на најубавите мали градови, а меѓу нив се три од регионот

CNN направи листа на најубавите мали градови, а меѓу нив се три од регионот

Париз, Рим, Барселона и останатите европски метрополи, често се вбројуваат на листата најубави градови, но и малите градови на европскиот континент со својата прекрасна архитектура, култура и традиција нудат многу содржини. На својата листа на најубави мали градови, CNN ги смести холандскиот Giethoorn, португалскиот Guimarães, грчкиот Nafplio, германскиот Dinkelsbühl, норвешкиот Reine и уште неколку мали градови кои вреди да се посетат, но меѓу нив се најдоа и три кандидати од регионот – словенечки Пиран, херцеговскиот Мостар и хрватската Корчула.

small1

Сместен на врвот на истарскиот полуостров со излез на Јадранско море,  Пиран често го нарекуваат и „мини Венеција“. Градот со долга историја го красат камена камбанарија, интересна архитектура и рибарски чамци усидрени во малото пристаниште.

small2

Мостарскиот „Стари мост“ изграден од страна на Османлиите во 16-тиот век, долго се сметал за еден од најдобрите примери на балканската исламска архитектура. Високо над Неретва, мостот е една од најпознатите знаменитости на Балканот, а традиционално локалното население практикува скокови од мостот, што се развило во службено натпреварување на Светската серија Red Bull Cliff Diving. Во ноември 1993 година, мостот во војната е срушен од страна на хрватските сили, а реконструираниот мост е изграден во 2004 година.

h

Корчула, градот на истоимениот остров е светски познат како родно место на Марко Поло. Блескавите бели улици се исклесани од островскиот камен а градот го краси и прекрасна архитектура.

small4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top