Насловна / Вести / Четири словенечки енергетски компании заедно ќе произведуваат „зелен“ водород и метан

Четири словенечки енергетски компании заедно ќе произведуваат „зелен“ водород и метан

Четири словенечки енергетски компании: Plinovodi, ELES, Holding Slovenske Elektrarne (HSE) и Hidroelektrarne na spodnji Savi (HESS), се здружија во рамките на проектот SLOP2G – иновативно решение за конверзија на електрична енергија од обновливи извори во „зелен“ водород и синтетички метан. Како што соопштуваат компаниите, проектот претставува конкретен чекор во правец на создавање на општество без јаглерод и енергетска транзиција која подразбира интеграција на секторите електрична енергија и гас. Првиот словенечки проект за добивање на „зелен“ водород ги собра клучните словенечки компании од енергетскиот сектор.

SLOP2G2

 

SLOP2G поврзува две енергетски локации на кои електричната енергија од обновливи извори и вишок од системот, ќе се користи за производство на „зелен“ водород кои понатаму со метанизација ќе се претвора во синтетички метан. На двете локации, „зелениот“ водород и метанот ќе можат да се испорачуваат во преносната мрежа до индустриските и други потрошувачи. “Зелениот“ водород, како што се прецизира, ќе се транспортира преку цевководи за водород, додека синтетичкиот метан низ гасоводи. Важен дел од проектот е воспоставување на платформа за трговија со обновливи гасови, како и воведување на гаранции за потекло на „зелените“ гасови. Компаниите го пријавиле овој проект на конкурс на Европскиот фонд за иновации, како словенечки инфраструктурен проект за „зелен гас“, и поврзување на секторите електрична енергија и гас. Партнерите во овој проект веруваат дека тој ги исполнува високите критериуми на јавниот повик и истовремено укажуваат на идните движења во словенечката енергетика. ЕУ го прогласи токму „зелениот“ водород за главна алка која ги спојува енергетските сектори и производ кој ќе овозможи транзиција во општество без јаглерод.  Тоа е дефинирано во рамките на Европскиот зелен план, Европската стратегија за водород и ЕУ стратегијата за поврзување на енергетските системи.

Проектот го поддржуваат три словенечки министерства: Министерството за инфраструктура, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за одбрана.

SLOP2G1

SLOP2G3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top