Насловна / Вести / Исланд ја користи пандемијата за подобрување на патиштата, парковите и популарните места

Исланд ја користи пандемијата за подобрување на патиштата, парковите и популарните места

Исланд го користи времето кога туристички патувања практично не постојат со цел да се направат значителни подобрувања во туристичката инфраструктура. Така, исландската влада одлучи да инвестира повеќе од 12 милиони долари во подобрување на патиштата, зачувување на популарните места и реновирање на објекти во националните паркови, пишува The New York Times.

Island1

Пред пандемијата, земјата стана вистински пример за прекумерен туризам. Помеѓу 2013 и 2017 година, Исланд стана туристички хит и популарно место за одмор. Живописните фотографии од неговите водопади, вулкани и лагуни на сулфур се шират како пожари на Инстаграм, привлекувајќи се повеќе туристи.

Во 2018 година, Исланд имала рекордни 2,3 милиони посетители – приближно шест пати повеќе од бројот на луѓе што живеат на овој остров. Во 2010 година, помалку од 500 илјади луѓе ја посетиле земјата.

Island2

Ненадејната популарност на Исланд имаше цена. Земјата беше принудена да го затвори кањонот Fjadrargljufur откако Џастин Бибер таму сними музичко видео, што предизвика лавина туристи, па штетата на животната средина стана неизбежна. Овој кањон на југот на Исланд, на приближно 70 километри од црните песочни плажи на Вик, од 2019 година заради заштита на локацијата е отворен само пет недели во текот на годината.

Island3

Сега пандемијата му дава на Исланд шанса да се опорави. Најновите туристички инвестиции имаат две цели: да го олеснат сместувањето на поголем број посетители и да ги зачуваат и заштитат неговите најпопуларни локалитети.

Исланд работи за да се осигура дека неговите најпознати атракции „нема да бидат уништени кога посетителите ќе се вратат“, изјави за The New York Times Скарфедин Берг Стеинарсон, генерален директор на исландскиот туристички одбор.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top