Насловна / Арт и дизајн / Честит 11 Октомври!

Честит 11 Октомври!

Денес е 11 Октомври  – Ден на народното востание на македонскиот народ против фашизмот со што започнува борбата за ослободување на македонскиот народ.

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

1

И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот, но сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани, распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација. Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред, кои учествувале во вооружени судири со бугарската војска.

Во чест на антифашистичката борба и во спомен на оние кои ги дадоа своите животи во Прилеп и Куманови се изградени споменици кои ги чуваат од заборав нашите херои.

Могила на непобедените во Прилеп

3

Могилата на непобедените е меморијален комплекс во Спомен паркот на Револуцијата во Прилеп. Комплексот е изграден во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ.

Паркот на револуцијата се наоѓа на јужната периферија на Прилеп и е хортикултурно уреден со високо растителна борова шума и нискорастителна зимзелена флора. Во чест на загинатите борци од НОВ, според проект на архитектот Богдан Богдановиќ, Прилеп во 1961 година го подига монументалниот споменит „Могилата на непобедените“ во рамки на паркот. Споменикот е со полукружна форма со внатрешен дел кој по целата вертикална површина е поплочен со бели мермерни плочки. На него се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, а во криптата се наоѓаат нивните посмртни останки. Во атриумот се издигаат осум мермерни урни кој симболизираат формирањето на партизанските одреди и нивно прераснување во поголеми воени формации. Паркот на револуцијата за споменик на култура е прогласен во 1989 година.

2

04

05

Спомен костурница во Куманово

k5

Спомен костурницата е изградена во 1957 година и е дело на архитектот Коча Зордумис и вајарот Сретен Стојановиќ. Се состои од обелиск и костурници во кои се сместени посмртните останки на загинатите во Народноослободителната војна од Куманово и кумановско.

k1

k2

k33

Споменичниот комплекс претставува парковска целина сместена на возвишение од каде се отвора панорамски поглед  кон градот. На највисоката точка се формира плато, а централна положба  има скулптурата на горда млада жена, која претставува материјализација на Македонија, со високо подигнато класје и вертикала која доминира зад неа.  Во комплексот се наоѓа и  криптата со посмртни останки на 300 загинати борци, спомен плочи, бисти на позначајните херои.

Честит празник!

Испрати коментар

Scroll To Top