Насловна / Вести / Чешка гради два нови нуклеарни реактори

Чешка гради два нови нуклеарни реактори

Во нуклеарната електрана во близина на местото Dukovany, ќе бидат изградени два нови нуклеарни реактори. Нивната изградба веќе е одобрена од страна на регулаторот за нуклеарна енергија на Чешка, која цела година работеше на проценка на овој проект. Нуклеарната централа Dukovany, е првата електрана од ваков вид која е изградена во Чешка. Се наоѓа 30 километри југоисточно од местото Требич, и претставува многу важен извор на енергија за оваа земја. Оваа нуклеарна електрана има четири реактори кои се во функција од 1985 година, и имаат вкупен инсталиран капацитет од 2040 MW.

dukovany1

Според националните планови на Чешка до 2060 година, предвидено е значително зголемување на користењето на нуклеарната енергија. Во овие планови се наведени и новите реактори во Dukovany, кои се предвидува да бидат во функција до 2036 година, со што за 40% ќе се зголеми уделот на електрична енергија од нуклеарно потекло.

Evening Colored View Of Nuclear Power Plant Dukovany

Владата ан Чешка работи на тоа земјата да стане енергетски независна, а во фокусот е исфрлање од употреба на јагленот и постигнување на целите на Европската унија поврзани за јаглеродната неутралност. Затоа, тие се повеќе се свртуваат кон нуклеарната енергија и се надеваат дека таа ќе се покаже како решение кое ќе обезбеди стабилност и економска исплатливост заедно со нулта емисија на штетни гасови. Еден од најголемите извори на електрична енергија во ЕУ се токлу нуклеарните електрани, но од 2006 година до денес ова производството од нуклеарните електрани  паднало за 16,3 %. Италија веќе ги затвори сите свои нуклеарки, додека Белгија, Шпанија и Швајцарија планираат да го сторат тоа до 2030 година. Германија пак има зададено рок до 2022 година.

dukovany3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top