Насловна / Вести / Charleroi – најгрдиот град на светот, го сврте во своја полза негативниот публицитет

Charleroi – најгрдиот град на светот, го сврте во своја полза негативниот публицитет

Пред дванаесет години, медиумите го прогласија за најгрд град на светот, но благодарение на тој негативен публицитет, денес е многу посетувана туристичка дестинација. Станува збор за белгискиот град Charleroi.  Имено, откако своевремено медиумите пренеле дека еден холандски весник го прогласил за најгрд на светот, овој валонски град ја искористил приликата да го сврти во своја полза негативниот публицитет и да ја модернизира својата туристичка понуда. Charleroi е познат по железарниците и рудниците за јаглен, а неговите визури се исполнети со стари индустриски згради, кои раскажуваат приказни за историјата на градот во кој многу фабрики ги затвориле своите врати уште во педесетите години од минатиот век. Сепак, Charleroi во последната деценија започнува своевидна трансформација, нудејќи солидна туристичка понуда во вид на ресторани и барови, и тематски тури за претставување на индустриското наследство на градот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

charleroi2

charleroi3

charleroi4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top