Насловна / Вести / Центарот на Сиднеј целосно се напојува со струја од обновливи извори

Центарот на Сиднеј целосно се напојува со струја од обновливи извори

Централниот дел на Сиднеј целосно се напојува со електрична енергија што се добива од обновливи извори, односно од соларните и ветерните фарми во Нов Јужен Велс.

Sidnej

Градското подрачје на Сиднеј, кое ги опфаќа центарот и повеќе од 30 приградски населби, потпиша десетгодишен договор со добавувачот „Флоу пауер“ вреден 42 милиони долари, со кој планира да ги редуцира штетните емисии за 70 отсто до 2024 година.

Сиднеј го вклучи целиот градски имот во проектот, па со чиста електрична енергија ќе се снабдуваат уличното осветлување, пет базени, 75 паркови, спортски терени, 115 згради и Градското собрание. Целта на иницијативата е емисиите на јаглерод диоксид да се намалат за 20 илјади тони годишно.

Sidnej1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top