Насловна / Архитектура / Центарот на Нови Сад ќе добие нов изглед

Центарот на Нови Сад ќе добие нов изглед

На конкурсот кој го организирала новосадската Градска управа, прва награда освои авторскиот тим од Белград, Игор и Јелена Чубра од архитектонското биро „Arths студио Чубра“ за решението кое предвидува уредување на центарот на градот со брановидно поплочување со многу зеленило и клупи.

1

Предмет на конкурсот бил да се изработат идејни решенија за уредување на плоштадот околу Српскиот народен театар, плоштадот Слобода, делови од улиците Модена, Крал Александар и Његош.

2

Целта е да се активираат сите потенцијали на просторот и тој да ја зголеми својата атрактивност за различни групи на корисници, а во согласност со заштитата на архитектонското наследство.
Ова е идеен проект за планирање на јавен простор кој е оригинален, функционален, рационално и естетски соодветен за централната зона на градот Нови Сад и кој ќе служи како основа за регулирање на овој значаен град.

3

Комисијатата се одлучила за овој идеен проект од пристигнатите 13, заради оригиналното, функционално, рационално и естетски соодветно решение за централната зона на градот Нови Сад. Според комисијата, решението е концептуално чист и јасен метод и е комбинација на просторни елементи на улицата и на пазарот преку дизајниран и дискретен пристап.

dav
Поплочувањето е решено преку уникатна матрица која партерно ја уедначува централната градска зона преку три, дискретно тонирани нијанси на гранит, која во својот основен графички пристап асоцира на геометрија на бранови. Оваа матрица со своето насочување кон одредени зони го нагласува карактерот и динамиката на просторот.

6

Предлогот за озеленување е примарен во централната градска зона. Прецизно се дизајнирани и осмислени врските меѓу растенијата и просторот за одмор со што секоја клупа претставува зелено катче.

5

Клупите се предвидени да се издигнуваат од делот на партерот, а осветлувањето и другите елементи за мебел придонесуваат за функционална област, тие стилски не доминираат и не го оптоваруваат простор.

8
Ова идејно решение е оригинално, а во својата едноставност остава многу различни поврзувања на просторот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top