Насловна / Архитектура / Центар за култура и уметност во Кина под кровови расфрлани како „листови од бамбус“

Центар за култура и уметност во Кина под кровови расфрлани како „листови од бамбус“

MAD Architects со канцеларии во Пекинг, Лос Анџелес и Рим го откри проектот за нов центар за култура и уметност кој е скриен под бели челични кровови расфрлани како „листови од бамбус“ во Анжи, Кина.

4

Наречен Центар за култура и уметност Анжи, објектот од 120.000 квадратни метри ќе се состои од шест главни простори: Голем театар, Конференциски центар, Центар за релаксација и слободно време, Спортски центар, Центар за активности на млади и Центар за уметничко образование.

Просторите се распоредени под кров од „бамбусови лисја“ опкружен со зелени полињата со чај единствени за Анжи.

1

Проектот, кој опфаќа површина од околу 149.000 квадратни метри, се наоѓа во провинцијата Zhejiang во југоисточна Кина, во близина на Шангај.

„Анжи е единствениот округ што ја доби наградата „United Nations Habitat Award“ и е фален како кинески град на ‘бамбус’ и ‘бел чај’“, велат од MAD, раководени од основачот и директорот Ma Yansong.

3

„Проектот е замислен како преоден поврзувачки простор помеѓу природните и изградените средини во регионот; на источната страна се наоѓа градот, додека реката и планините се во далечината на неговатаа западна страна“.

„Ние ја бараме уникатната аура на овој регион и ја интегрираме во секојдневниот живот“, вели Yansong.

2

Замислен како порозен простор за состаноци, комплексот ќе биде достапен за јавноста од сите правци и во секое време од денот.

Распореден е долж оската на визуелниот коридор од двете страни за да се овозможи централниот коридор да стане отворена надворешна платформа каде што посетителите можат да уживаат во врамени погледи на планините и небото.

5

Шесте простори се распоредени под белиот поплочен кров, давајќи брановидна силуета. За да ја постигнат оваа силуета, MAD се инспирирале од обликот на околниот рид засаден со бел чај.

Комплексот има повеќе дворови низ локацијата кои функционираат како програмски празнини кои ги бришат границите помеѓу внатрешниот и надворешниот простор. На западната страна на комплексот, голема сцена ќе се користи како надворешен простор за изведби, концерти и изложби.

6

Клучната карактеристика на Центарот за култура и уметност Анжи се состои од низа челични кровови кои се преклопуваат и личат на „расфрлани лисја од бамбус“ со слемиња што додаваат визуелна сложеност на пејзажот што го одзема здивот.

7

„Празнините меѓу нив овозможуваат природната светлина да навлезе во ентериерот, додека главната фасада е мошне транспарентна за дополнително да ја ппривлече природната светлина низ бочните висини“, објаснуваат од MAD.

Главната фасада достигнува висина од 17 метри и „ќе биде највисокиот самоносечки стаклен ѕид во Кина кога ќе биде завршена“, велат од бирото.

8

Следејќи ја истата сложеност внатре, главниот внатрешен простор на Големиот театар и Конференцискиот центар распореден е на два до три ката, додека другите четири простора се на првиот кат плус делумно и на вториот кат.

10

Во зградата ќе биде сместен аудиториумот со 1.300 седишта за Големиот театар и главната сала со 2.000 седишта за Конференцискиот центар наменет за настани и состаноци.

За да се обезбеди енергетски ефикасен објект и да се оптимизира користењето на енергијата, проектот ќе вклучи озеленување на кровот, пропустлив тротоар, вовлечени зелени површини и искористување на ресурсите на дождовницата.

9 11 12 13 14 15 16 17

 

Испрати коментар

Scroll To Top