Насловна / Архитектура / Центар за едукација VUC Syd од AART Architects + ZENI Architects

Центар за едукација VUC Syd од AART Architects + ZENI Architects

Центар за едукација_ VUC_Syd (4)
Инспириран од својата специфична локација во градот Хадерслев, Данска, новиот центар за едукација е дизајниран како атриумски објект, со обезбедени визури од 360° кон градот и пристаништето. Како клучен елемент во архитектонскиот израз доминираат терасите, кои се распространети низ објектот. Динамиката на движење низ објектот, кое започнува на приземното ниво, а завршува на највисокиот кат, ја наложуваат терасите што ползат околу објектот, креирајќи вертикален училишен двор, истовремено обединувајќи ги внатрешните и надворешните простории.
Центар за едукација_ VUC_Syd (2)
Центар за едукација_ VUC_Syd (1)
Архитектонскиот контекст на центарот за едукација не битува само како дистинктивен сегмент во однос на опкружувањето, туку исто така поставува основа за дефинирање на нова едукациска средина, комбинирајќи ја стручната, современата информациска технологија со иновативни методи на предавање. Затоа, наместо интеграцијата на класични постојани предавални, внатрешноста е дизајнирана како живописна и визуелно привлечна образовна средина, соединета преку атриумот и доминантната вертикална комуникација во центарот на објектот.
Центар за едукација_ VUC_Syd (6)
Центар за едукација_ VUC_Syd (5)
Центар за едукација_ VUC_Syd (3)
Центар за едукација_ VUC_Syd (7)
Центар за едукација_ VUC_Syd (1)

Испрати коментар

Scroll To Top