Насловна / Вести / Центар со нова одлука за мораториум, а антикорупциска ќе испитува планирање за еден денар

Центар со нова одлука за мораториум, а антикорупциска ќе испитува планирање за еден денар

Општина Центар донесе нова одлука за мораториум со која Деталните урбанистички планови (ДУП) кои се спротивни на Генералниот урбанистички план на Град Скопје (ГУП), нема да се применуваат. Сите 29 ДУП-ви кои Општината во моментов ги ревидира се спротивни на ГУП-от, па со тоа нема да се издаваат дозволи за градба додека не бидат усогласени со генералниот план.

центар
Оваа одлука беше донесена на вчерашната вонредна седница на Советот на Општина Центар, која беше свикана откако на 20 март Уставен суд донесе одлука да се стопира мораториумот за градба во општина Центар, додека не се одлучи дали тој е уставен и законски. Новата одлуката беше изгласана со 16 гласови „за“ а советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.
„Со оваа нова одлука го продолжуваме мораториумот на градба додека сите планови кои сметаме дека се лоши, го загрозуваат хуманото живеење на граѓаните и се спротивни на ГУП-от како акт на повисоко ниво, не бидат ревидирани. Откако Уставен суд донесе времена мерка за стопирање на мораториумот, за да не се случи да се искористат тие неколку денови за поднесувања барања за градба, ние носиме нова одлука. Со оваа нова одлука престанува да важи последната одлука за мораториум која беше донесена на 13 декември 2018 година. Сега Уставен суд нема потреба да расправа дали таа е уставна или не бидејќи не важи“, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ. Тој вели дека во подготовка на ваквата одлука имале помош од правници, професори и академици.
„Ниту едно барање за добивање одобрение за градба поднесено после 27 декември 2017 години, кога ја донесовме првата одлука за мораториум нема да биде одобрено додека не се ревидираат плановите. Во Општината имаше поднесено 16 барања за градба, а нови две стигнаа деновиве“, додаде Богдановиќ.

анти
Исто така вчера Државната антикорупциска комисија отвори постапка за утврдување на ризици за склучување на коруптивни договори во постапките за јавни набавки при изработка и ревизија на ДУП-овите во Општина Центар.

2 1

Најсвеж е примерот со одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на договор за јавна набавка за вкупна цена од 1 денар. Комисијата за јавни набавки на Општина Центар, врз основа на член 167, в.в. член 119 став2, алинеа 2 и член 120 од Законот за јавни набвки по спроведената постапка за повторно прибирање на понуди од 14.08.2018 година врз основа на склучена рамковна спогодба со повеќе економски оператори со повторно прибирање на понуди од 29.03.2018 година за јавна набавка за изработување на ДУП-ови, за доделување за единечен договор за јавна набавка за Изработка на детален урбанистички план Градска Четврт Ц08 – Ново Маало 2 со површина од 8.9 хектари, се избира понудата на Билд Урбан ДООЕЛ – Скопје како финансиски најповолна за извршување на услугите, предмет на договорот.  Овој договор  за целата работа вкупно изнесува 1 денар и е резултат на спроведената електронска аукција која е одржана на 20.08.2018 година и претставува најповолна понуда.

Сопственикот на Билд Урбан ДООЕЛ скоро изјави за емисијата „360 степени“ : „Планот предходно е изработе од наша страна и одобрен од Општина Центар во 2012 година. Запознаени сме со овој простор и имаме изработено повеќе анализи и предлози. Тој простор е предвиден за бизнис – центар и секогаш кога е во прашање централното градско подрачје сметам дека треба да се развива на тој начин. Планирањето на централното градско подрачје претставува убава референца, особено овој простор кој има потенцијал да стане препознатливо обележје – лендмарк на Скопје. Нарачатели на плановите се општините, нашата улога е нивните политики да ги спроведеме на хартија“.  Ова е неговото размислување и оправдувае за изработените планови, улогата на планерот е да планира стручно, а не да спроведува нарачки, а како изгледа градот планирањето стана референца за тоа како не треба да се планира.

7

„многу анализирања во 2012 година донесоа лендмарк на Скопје“

Емисијата 360 степени каде е дадена изјавата може да се погледне на видето:

https://www.youtube.com/watch?v=dYppibAM0vE&fbclid=IwAR3yNlR8U0ZDy8cmqwZJMrTHtBoYMomcRO2wxNLbvRob8XLTOxhhsYM-CB8

Испрати коментар

Scroll To Top