Насловна / Вести / Цените на становите на годишно ниво во Хрватска најмногу паднаа во Загреб

Цените на становите на годишно ниво во Хрватска најмногу паднаа во Загреб

zagreb stanovi
Статистиките на порталот Crozilla.com зa септември покажуваат дека цените на становите во повеќето градови во Хрватска се пониски отколку еден месец претходно, но и пониски отколку истиот месец лани.

Побарувачката на станови традиционално е најголема во Загреб, како што покажува порталот, а голема побарувачка има и за станови кои се продаваат на подрачјето на Сплит, Пула, Задар и Шибеник.

Според податоците на порталот, цените на становите во септември бележат најголем месечен пораст, 2,3 насто, но истовремено и со најголем годишен пад на цените од два проценти. Просечната барана цена на квадратен метар изнесувала 1.587 евра. Месечен пораст на цените на становите забележан е и во Шибеник, каде што цените се повисоки за 1,9 насто во споредба со претходниот месец, за еден „квадрат“ стан биле барани во просек 1.377 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top