Насловна / Вести / 15 манастири во Света Гора сакаат да го дигитализираат духовното богатство

15 манастири во Света Гора сакаат да го дигитализираат духовното богатство

sveta gora

Петнаесет од сите 20 манастири во Света Гора, како и управата на монашкото братство Светиот кинотис ја прифатија поканата да учествуваат во дигиталниот проект на грчкото Министерство за инфраструктура, транспорт и комуникациски мрежи, која има цел создавање на дигитална архива на атонското богаство, пишува весникот „Етнос“.

Освен манастирите, кои дале негативен одговор на поканата и кои нема да учествуваат во проектот, меѓу кои е и Хилендарскиот манастир, Констамонит и Есфигмену, останатите 15 манастири изразиле желба да пристапат кон дигитализација на дел од културното богатство.

Дигиталната регистрација ќе вклучува збирки од ракописи, печатени изданија, документи, свети предмети и садови, предмети од народното творештво и друго.

Проектот вреден 9,4 милиони евра треба да биде реализиран за девет месеци.

Дигитализираните материјали за тој проект ќе бидат преведени на четири јазици, англиски, германски, руски и бугарски.

Испрати коментар

Scroll To Top