Насловна / Вести / Цените на недвижностите во Париз уриваат рекорди

Цените на недвижностите во Париз уриваат рекорди

Цените на недвижностите во Париз ова лето се чини дека ќе достигнат нови рекорди, со оглед на тоа што купувачите, меѓу кои има многу Британци, се натпреваруваат околу купувањето станови во најелитните делови на француската престолнина.

„Бројот на купувачи незапирливо расте. Побарувачката ја надмина понудата, особено за луксузни недвижности, можеби и заради Брегзит“, вели Тјери Делесал, кој е запознат со оваа проблематика.paris_2

Додека Италијанците се најголема група странски купувачи на станови во Париз, со удел од 17 отсто во вкупниот број продадени недвижнини на не-Французите, Британците се пробиле на второ место со удел од двете отсто.

Веќе во првите три месеци од оваа година, цените на изградените станови во Париз пораснале 5,5 отсто на 8,45 илјади евра за метар квадратен, според проценката од извештајот на Комората на нотари на Париз и Ил-де Франс регионот.

Годинава во месец јули, цените би можеле дополнително да скокнат на 8,8 илјади евра за метар квадратен.

Претходниот рекорд во поглед на цените на станбените недвижнини во висина од 8,46 илјади евра за метар квадратен е забележан летото 2012 година.paris_1

Во градските квартови или арондисманите, цените на становите надминуваат и преку 11.000 евра за квадрат.

Испрати коментар

Scroll To Top