Насловна / Вести / Цените на недвижностите на Балканот растат за неколку проценти годишно, само во Црна Гора стагнација

Цените на недвижностите на Балканот растат за неколку проценти годишно, само во Црна Гора стагнација

“Општ е впечатокот на локалните пазари дека цените на недвижностите одат „во небо“, но регионалните податоци не го потврдуваат тоа. Имено, државите од Балканот бележат годишен раст на цените од неколку проценти, со исклучок на Црна Гора, која предничеше во претходните години“, вели директорот на компанијата  PlanRadar  за југоисточна Европа, Бојан Петковиќ, за српските медиуми.

workers on construction site of new building

„Се разбира, поголемите градови имаат повисоки цени, освен оние кои се попопуларни туристички дестинации. Секоја држава има свои адути, а Црна Гора и Бугарија се популарни поради морскиот брег. Новите инвестиции и инфраструктурните проекти, гарантираат продолжување на трендот на зголемен интерес за недвижности во Белград, додека близината на морето и секако членството во ЕУ сериозно влијаат врз побарувачката и цените во Загреб. Мора да се истакне дека растот на инфлацијата и падот на економските активности негативно ќе влијаат на побарувачката, а со тоа и на цените. Но, од друга страна, намалената понуда и доцнењето во испораката на материјалите може да ги подигнат цените, така што ситуацијата е навистина комплексна а прогнозите неблагодарни“, истакнал Петковиќ. Цените на градежните материјали бележат раст уште од почетокот на пандемијата, а моменталната криза во Украина дополнително ги отежнува и поскапува набавките.

View from the top of Belgrade Waterfront towers

Според податоците на Global House Price Index на Knigth Frank, цената на недвижностите во текот на 2021 година на глобално ниво пораснала за 10,3%, а државите како што се Австралија, Нов Зеланд, Чешка, Словачка или Холандија забележале годишен раст од преку 20%, додека апсолутен рекордер била Турција со раст од над 50% на годишно ниво.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top