Насловна / Вести / Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД

Цената на гасот во ЕУ е седум пати повисока отколку во САД

Природниот гас во Европа се тргува по цени еквивалентни на околу 70 долари за милион британски термални единици (BTU), што е приближно седум пати повеќе од цените во САД, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на анализа на нафтата консултантската компанија „Lipow Oil Associates“.

Еден милион британски термални единици изнесува 293 киловат-часови (kWh) електрична енергија.

На затворањето на американското тргување во вторникот, цената на гасот беше 9,33 долари за милион BTU, јавуваат американските медиуми, а пренесува „Раша тудеј“.

Аналитичарите во САД велат дека европската криза со природен гас придонесува за повисоки цени во Америка, но дека тоа не е главниот двигател на растот на цените, додава Си-Ен-Ен.

gas

„Повисоки глобални цени се прелеваат во САД. Природниот гас стана глобална стока со појавата на течен природен гас (ТНГ)“, вели Роб Тамел, висок менаџер во Tortiz Capital Advisors.

Соединетите Држави го зголемија извозот на ТНГ во Европа во обид да го ублажат влијанието на намалените испораки од Русија, главниот снабдувач со природен гас на Стариот континент, се вели во прилогот, додавајќи дека секоја достапна молекула на гас се испраќа од САД во еврозоната.

gas1

Цените на бензинот во Европа се зголемени за четири пати од почетокот на годината поради намалувањето на руските текови. Цената на терминскиот пазар на ТТФ во Холандија надмина 2.600 долари за илјада кубни метри оваа недела за прв пат од март, потсетува РT.

„Гаспром“ предвидува дека цената на гасот оваа зима може да порасне за 60 отсто, на повеќе од 4.000 долари за илјада кубни метри.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top