Насловна / Вести / Целосно истражен aнтичкиот теaтар во Скупи

Целосно истражен aнтичкиот теaтар во Скупи

skupi tetar

Со финaнсиска поддршка од Министерство за култура, а во координација на Управата за заштита на културното наследство, деновиве завршија археолошките истражувања на античкиот театар на археолошкиот локалитет Скупи, Скопје. Почнувајќи од август 2013 година, итражувањата се реализираа во соработка со Филозофски факултет од Скопје и Музеј на Град Скопје.

Античкиот театар бил изграден за време на Хадријан, а функционирал до крај на 4 век.

Археолозите пронајдоа околу 3.000 монети, керамика, бронзени предмети, коскени предмети, односно над 5.000 предмети од различни културни хоризонти – железно време, римски период, доцноримски период и среден век.

Паралелно со археолошките истражувања беа спроведени и геофизички истражувања, а се направија и аерофотографии од театарот со кватрохоптер (дрон).

Информациите околу ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страницата за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци. Истражувањето на  театарот на Скупи беше капитален проект на Владата на РМ, а раководител на истражувањата беше д-р Антонио Јакимовски, професор на катедрата за Историја на уметност со археологија при Филозофски факултет во Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top