Насловна / Вести / Поставена станица за полнење електрични возила во катната гаража „Македонска фаланга”

Поставена станица за полнење електрични возила во катната гаража „Македонска фаланга”

elektromobili makedonska falanga (2)

Денеска официјално се пушти во употреба станица за полнење електрични возила, која е поставена на првиот кат на катната гаража „Македонска фаланга“.

На пуштањето во употреба на новата станица за полнење електрични возила присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој најави и други активности на Градот во областа на електромобилноста.

– Оваа станица е наменета за полнење на сите видови електромобили (автомобил, скутер, електро велосипед) и има два приклучоци за истовремено полнење со вкупна моќност од 22 kW (кило вати) по приклучок. Еден електроавтомобил целосно се полни за околу 30 минути, а со овие автомобили трошокот за возење на 100 километри изнесува околу 50 денари. Паркингот за време на полнењето во катната гаража „Македонска фаланга“ на сите сопственици на електрични мобили е бесплатно. Градот Скопје ќе продолжи со проекти со кои се унапредува елетромобилноста и во наредниот период ќе биде набавено вакво возило за потребите на администрацијата на Град Скопје, а ќе продолжи и процесот на поставување вакви полначи на паркинзите на ЈП „Градски паркинг“, – кажа градоначалникот Трајановски.

Со промоцијата на станицата за полнење на електрични возила, ПроКредит Банка АД Скопје ги промовираше и петте нови електромобили кои ги набави за комерцијална употреба во секојдневното работење, со што стана првата компанија во Македонија која користи електромобили.elektromobili makedonska falanga

Градоначалникот Трајановски, за својот придонес во развојот и промоцијата на електромобилноста во Република Македонија, додели благодарници на:

ПроКредит Банка АД Скопје (прва компанија во Македонија која има купено 5 електрични автомобили за комецијална употреба во секојдневното работење).

Ванчо Зрнцев (возило Матиз преправено во електричен автомобил).

Сашо Јовановски (возило Чиквеченто преправено во електричен автомобил).

Инсталацијата на оваа станица е прва од овој вид на територијата на Град Скопје, а во моментов ЈП „Градски паркинг” има набавено две вакви станици, за полнење електромобили, за што издвои 20.000 евра (10.000 евра од страница).

Испрати коментар

Scroll To Top