Насловна / Архитектура / Цело село оживеано со бои за 20.000 евра

Цело село оживеано со бои за 20.000 евра

За да заживее и за да се поттикне туризмот, малото село на Кампунг Пеланги во Индонезија доживеа целосна колоритна трансформација. Зад оваа идеја стои 54-годишниот учител Сламет Видодо, кој инспириран од слични потфати во други индонезиски градови, организирал акција на варосување на селото користејќи боја која севкупно чинела 300 милиони рупии (околу 20.000 евра).варосување на село

Секоја куќа е варосана во најмалку три бои. Се што можело во селото да се вароса, вклучувајќи ги и покривите и клупите и мостовите, станало платно за живописни, колоритни мотиви. Вкупно се варосани 230 куќи, кои во целост ја измениле панорамата на селото.

hipwee-rainbow-village-kampung-pelangi-indonesia-14-640x359

Според локалната градежна асоцијација, оваа акција веќе почнала да се исплаќа, бидејќи рестораните и продавниците бележат поголем промет. Слична трансформација со бои презел и Буенос Аирес, односно пристаништето на Бока, коешто станало вистинска туристичка атракција.варосување на село2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top