Насловна / Архитектура / „Casa Bedolla“ помеѓу планини во Мексико

„Casa Bedolla“ помеѓу планини во Мексико

Градена во период од три години (2014 – 2017), куќата  „Casa Bedolla“ е сместена на сам раб на провалија во националниот парк El Jonuco во Мексико. На терен помеѓу планини, со сложена топографија, место со големи кедрови и дабови дрвја. Куќата е ѕидана со комбинација на камен и бетон на парцела со површина од 2.660 квадратни метри, а самата куќа е со мала површина во однос на големината на парцелата, 245 квадратни метри. Проектот го потпишуваат архитектите David Pedroza Castañeda, Colaboradores Arquitectura и  Ileana Luna Peralta  од проектантското биро P+0 Arquitectura од Монтереј, Мексико.

5

Бетонската конструкција ги помирува сложените односи со теренот, поддржува две камени „кутии“ кои се перфорирани за да се овозможи  природно да се проветрува куќата и да се искористат спектакуларните погледи на планините и шумата.

1

Двете бетонски конструкции, обложени  се со локален камен и функционираат независно. Овие два блока меѓусебно се поврзани со пролаз и линеарни скали. Овој распоред е условен од топографијата на теренот, двата кубуса се сместени на различни висини.

2

Камените и бетонските sидови јасно го разграничуваат срцето на проектот: надолжен двор што е насочен кон малата дабова шума во подножјето.

6

Едниот блок е наменет за дневни активности, додека другиот, повисоко поставениот е приватен со спални соби. Двата блока ги карактеризира слобода во ентериерот, каде акцентот е ставен на дрвениот кров кој се потпира на камените и бетонски ѕидови.

11

И покрај тоа што куќата ја катрактеризираат остри линии и строга геометриска форма, „Casa Bedolla“ од надвор потсетува на традиционалните зданија карактеристични за овој предел. Архитектите успешно го „камуфлирале“ современиот израз со помош на најтрадиционалниот од сите материјали – необработениот камен.

7

Куќата опкружена со шума е место кое е тивко и пријатно, додека од дворот, а особено од кровот-тераса се протега фантастичен поглед на целата долина. Просторот меѓу двата блока е наткриен со што е направено доволно место за паркирање возила.

3 4 14

8 12 9 10 15 16 17 18 20

Испрати коментар

Scroll To Top