Насловна / Вести / Bosch вложува една милијардa евра во фабрика за чипови во Дрезден

Bosch вложува една милијардa евра во фабрика за чипови во Дрезден

Германскиот технолошки концерн Bosch ќе гради нова фабрика за чипови и полупроводници во Дрезден. Вкупната инвестиција ќе изнесува една милијарда евра, појаснува компанијата, цитирана од DPA. Според концернот, поради инвестицијата ќе бидат создадени 700 работни места.

„Новата фабрика за чипови е најголемата поединечна инвестиција во над 130-годишната корпоративна историја на Bosch”, вели главниот извршен директор Фолкер Денер.dresden

Поголемиот дел од инвестицијата ќе биде преземена од поддоставувачот со седиште во Штутгарт на автомобилската индустрија. Според економскиот секретар на Владата Матијас Махниг и централната власт ќе помогне со до 200 милиони евра, како и покраината Саксонија.

Но, овие планови треба да бидат одобрени дополнително од Европската комисија. „Целосно сум убеден дека тоа ќе се случи“, појаснува Махниг. Почетокот на изградбата ќе стартува најдоцна во почетокот на 2018-та година, а почетокот на производството се очекува во 2021-ва година.

Барањето на чипови од страна на најголемите светски провајдери за автомобилските производители се зголемува поради зголемената побарувачка на технологии за поврзани автомобили или предмети за домаќинството. Bosch веќе има фабрика за чипови во Ројтлинген и е водечки производител на сензори. За новата инвестиција е избран главниот град на Саксонија, бидејќи таму имало голем потенцијал од квалификувани работници.

Испрати коментар

Scroll To Top