Насловна / Вести / Ново детско игралиште во населбата „Пролет“

Ново детско игралиште во населбата „Пролет“

На местото на старото, руинирано детско игралиште во скопската населба „Пролет“ поставено е ново и современо игралиште. Инвестицијата е на Општина Центар која спроведува три значајни проекти во првата повоена населба во Скопје, а населбата ја доби и втората енергетско-ефикасна фасада на зграда.

Реквизитите во игралиштата се изработени од дрвени елементи и има куќарка, платформа, две клацкалки, две лулашки и полиетиленска лизгалка.Novo-igraliste

До игралиштето оставена е куќарка со стражар кој се грижи за сигурноста на граѓаните, но и за зеленилото и урбаната опрема.

– Ова е втора зграда во населбата на која се поставува енергетски ефикасна фасада Жителите на средбите со градоначалникот Андреј Жерновски се жалеа дека зградите се изградени по Втората светска војна и се руинирани. Зградата ќе го задржи автентинтичниот изглед, а со станарите е одбран новиот колорит. И оваа фасада ќе ја заштити зградата од надворешни влијанија, а станарите ќе плаќаат до 30% пониски сметки за електрична енергија. Досега во Општина Центар 15 згради добија енергетски ефикасни фасади и сето тоа е направено без ниту еден денар помош од централната власт – соопштуваат од Општина Центар.

Во населба „Пролет“, Општината уреди внатрешен парк, со трева и зеленило, на површина од 6700 м2. Засадени се грмушки, 14 јавори, а поставена е нова урбана опрема. Намерата е да се продолжи со поставување на нови фасади и во другите згради, а до крајот на годината ќе се реши и проблемот со водоводот и канализацијата во ООУ „11-ти Октомври“.Chuvarnica

Испрати коментар

Scroll To Top