Насловна / Вести / Болоња: Награди за некористење возило – пиво, сладолед, и попусти за шопинг

Болоња: Награди за некористење возило – пиво, сладолед, и попусти за шопинг

Жителите на италијанскиот град Болоња, имаат добра прилика преку пешачење, возење велосипед и користење на јавниот превоз да освојат поени кои можат да ги заменат за сладолед, пиво, или билети за кино. Апликацијата Bella Mossa (италијански: добро дело) е изум на урбанистот Марко Амадори. Таа придонесува за сузбивање на загадувањето на воздухот, така што ги поттикнува граѓаните да изберат друг начин за да дојдат до своето одредиште, а тоа да не биде автомобил.  Оваа шема ја поддржале и некои од локалните продавници за облека кои нудат посебни попусти, а многу ресторани нудат попуст од 25%.

Кога Болоњците ќе ја симнат апликацијата на својот мобилен телефон, таа го следи нивното движење со помош на GPS системот. Со оглед на фактот дека Bella Mossa стекна голема популарност меѓу Болоњците, се планира продолжување на првично планираниот четиримесечен период.

bella_mossa_app1

bella_mossa2

bologna2

bologna3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top